/ Прочитано:

1.430

УЈП ја објави новата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 01/2018 за долгови достасани до 30.9.2017 и неплатени до 31.12.2017 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници објавени се 2 370 должници правни лица (за 13 повеќе од претходната листа) и 1 594 физички лица (за 324 помалку од претходната листа). Вкупно објавениот нето-долг во Листата изнесува 10.767.568.528 денари, за 198.500.347 денари помалку од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.738.756.623 денари (за 182.126.222 денари помалку од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28.811.905 денари (за 16.374.125 денари помалку од претходната листа).

08-291_1_Листа на должници бр.01/2018_10.01.2018