/ Прочитано:

9.394

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари

УЈП ќе добива податоци и за трансакциите преку брз трансфер на пари. Ова се предвидува во новите измени на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, кој Владата го предлага во Собранието на РМ, по скратена постапка.

„Предложените измени и дополнувања на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари имаат за цел Управата за јавни приходи да обезбедува податоци за трансферите на пари извршени преку давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите. За целите на пополнување на годишната даночна пријава за сметка на граѓаните, Управата за јавни приходи има потреба од податоци за секој прилив на средства, вклучително и за приливите извршени преку брз трансфер на пари со кои ќе може да располага во реално време. Поради тоа, со Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење услуги брз трансфер на пари се утврдува обврска за давателите на услуга брз трансфер на пари да доставуваат месечни извештаи за поединечните трансакции на трансфер на пари, покрај до Народната банка и до Управата за јавни приходи“, се вели во законското образложение.

Дополнително, со предложеното законско решение се прецизира износот на лимитите за уплата, односно исплата врз основа на брз трансфер на пари, без разлика дали уплатите, односно исплатите се вршат кај еден или повеќе даватели на услуга брз трансфер на пари. Исто така, се предвидува дека, покрај давателите на услуга брз трансфер на пари и субагентите, и физичките лица треба да се придржуваат кон наведените лимити.

„Уплатите врз основа на брз трансфер на пари од Република Македонија не можат да надминат вкупен износ од 2.500 евра месечно по поединечно физичко лице кај сите даватели на услуга брз трансфер на пари, а исплатите врз основа на брз трансфер на пари во Република Македонија не можат да надминат вкупен износ од 5.000 евра дневно по поединечно физичко лице кај сите даватели на услуга брз трансфер на пари“, се пропишува во предложените законски измени.

Измените имаат цел  разграничување на трансферите на пари извршени по основ ослободен од плаќање на персонален данок на доход (подарок, фамилијарна поддршка и сл.) од трансферите што подлежат на оданочување.

Законските измени за пристап на УЈП до банкарски податоци на граѓаните во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ги усвои законските измени за пристап на УЈП до приливите на граѓаните од страна на банките

Во подготовка нови измени на Законот за УЈП, усогласени со Дирекцијата за заштита на личните податоци

Ќе се прецизираат измените на Законот за банките

Царинската управа со предложените измени на Законот за банките ќе може да блокира банкарски сметки поради царински долг

Законските измени за банките и увидот на УЈП во сметките спорни од аспект на заштитата на личните податоци

Измени на Законот за банките: УЈП да добива податоци за приходите на даночните обврзници без поднесување на поединечно барање

Јавна расправа за Предлог-законот за данокот на личен доход: Ќе се поднесат амандмани за подобрување на Законот

Нови реакции за Законот за данокот на личен доход кој е во собраниска процедура

Стопанските комори реагираат на Законот за личен доход: Не се послуша гласот на бизнисот

Законот за личен доход ќе се носи по скратена постапка: Кои решенија ги содржи новиот пропис

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Новиот Закон за личен доход и за прогресивно оданочување влегува во собраниска процедура

Банкарите бараат предложените даночни измени да се одложат до влезот на Македонија во ЕУ

Заклучоци на Стопанската комора на Македонија во врска со предложената даночна реформа

Коментар на „ЦИВИТАКС“ за предложената даночна реформа

Примања на кои не се плаќа данок на доход според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Видови доход кои се предмет на оданочување според новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Целосен текст на новиот Предлог-закон за данокот на личен доход

Министерството за финансии објави анализа за даночната реформа

Измени на данокот за личен доход: Дополнителна стапка од 8% за делот од доходот кој надминува 90.000 денари месечно

Компаниите го поздравуваат одложувањето на најавената даночна реформа за прогресивно оданочување

Компаниите со истражување за прогресивното оданочување на личниот доход:  Не е погоден момент за вакво оданочување

Даночната политика во фокусот на Роуд-шоуто на слободниот пазар

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЈАВНИТЕ ФИНАНСИИ: Потребно е праведно оданочување – богатите да плаќаат повеќе, а сиромашните помалку

„Фајнанс тинк“ за  буџетските ефекти од потенцијален прогресивен данок на доход

„Фајнанс тинк“ за извештајот на ММФ во врска со даноците, пензионирањето, минималната плата и социјалната помош

Трибина за данокот и за заштитата на правата на даночните обврзници

М.В