/ Прочитано:

2.207

УЈП објави брошура за годишната даночна пријава за персоналниот данок на доход 

Како граѓанин на Република Македонија вие сте обврзник на персоналниот данок на доход и сите приходи што ги остварувате во текот на една календарска година треба да ги пријавите во Управата за јавни приходи.

Приходите што сте ги оствариле во текот на 2017 година, покрај тоа што сте имале обврска одделно да ги пријавите и за нив да платите персонален данок во текот на годината во рамките на законските рокови, должни сте и збирно да ги пријавите во Годишната даночна пријава, најдоцна до 15 март 2018 година. Токму оваа брошура, велат од УЈП,  треба да ве упати како да ги пријавите приходите во Годишната даночна пријава (образец „ПДД-ГДП”)…Брошура за годишната даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход