/ Прочитано:

1.444

УЈП објави нова листа на должници

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.08/2018 за долгови доспеани до 30.4.2018 и неплатени до 31.7.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:  повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица. Листата може да се погледне на следниов линк.