/ Прочитано:

1.360

УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 29 октомври

„Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 oктомври 2018 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2018) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 29.10.2018 година“, се вели во соопштението на УЈП.