/ Прочитано:

5.390

УЈП: Регистрација на системот е-персонален данок и прием на барањата за регистрација и секоја сабота до 31.12.2018 година

„Со цел граѓаните да можат да се регистрираат и да го поднесат барањето за регистрација на системот е-Персонален данок во законскиот рок, Управата за јавни приходи покрај дополнителните шалтери (види соопшение http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/660 и http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/663) ги известува граѓаните дека сите даночни канцеларии на УЈП до 31.12.2018 година ќе работат и во сабота од 8:30 до 14:00 часот.
Потсетуваме дека барањата за регистрација на системот е-Пероснален данок може да се поднесат и во Дирекцијата за големи даночни обврзници.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфоцентарот на 0800 33 000“, се вели во соопштението на УЈП.

УЈП во врска со новиот Закон за личен доход и одложувањето на обврската за  пензионерите

Пензионерите без дополнителни приходи немаат обврска да се пријавуваат во системот на УЈП

Се разгледуваат можности за олеснување на процедурите за пререгистрацијата во системот на УЈП

УЈП на прес-конференција ги појаснуваше новините за регистрација на граѓаните во системот за годишната даночна пријава

УЈП ја образложува постапката за регистрација на граѓаните во е-системот во врска со годишната даночна пријава