/ Прочитано:

2.514

УЈП: Усогласени структури за вид и подвид на приход за поднесување на е-ППД

„Согласно Законот за данок на личен доход објавен во Службен весник на РМ бр. 241/18 од 26.12.2018 година, кој започна да се применува од 1 јануари 2019 година, извршено е усогласување на структурите за вид и подвид на приход за поднесување на е-ППД со прикачување на xml фајл. Истите може да ги преземете од системот е-Персонален данок, во делот Аконтативна пресметка – прикачување на xml фајл. Во самите структури означен е и датумот на важење по одделните видови и подвидови на приходи“, се вели во соопштението на УЈП.