/ Прочитано:

1.317

Унапредување на адвокатските вештини во кривичната постапка

Во Охрид во организација на Адвокатската комора на РМ (АКРМ), во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, Бирото за меѓународна борба против наркотици, се одржа обука на тема  „Унапредување на адвокатските вештини во кривичната постапка“.

Обучувачи на обуката беа  Џон Мекнил, правен советник во Амбасадата на САД во Македонија и поранешен јавен обвинител во САД, Никола Додевски, адвокат и еден од обучувачите на листата на обучувачи за ЗКП во рамки на проектот и Билјана Белевска-Пројковска, судијка на Основниот суд Охрид.

Во рамките на обуката беше спроведена симулација на судење со цел подобрување на вештините на адвокатите, особено во делот на директно и вкрстено испрашување.

Обуката од сите адвокати учесници беше оценета како многу успешна. Тие исто така изразија потреба за организирање интерпрофесионални обуки од областа на Законот за кривичната постапка (ЗКП), на кои заеднички би учествувале адвокати, судии и јавни обвинители.

Станува збор за последната од серијата обуки кои се одржаа во рамките на двегодишниот проект за ЗКП, кој го спроведува Адвокатската комора, во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Македонија, Бирото за меѓународна борба против наркотици.

Во рамките на двегодишниот проект беа одржани повеќе обуки и тркалезни маси на кои учествуваа преку 500 адвокати од сите четири апелациони подрачја, а предвидено е и издавање на публикација која ќе ги содржи заклучоците од овие обуки кои се однесуваат на имплементацијата на ЗКП во практиката.

М.В