/ Прочитано:

2.034

Условни казни за деветмина обвинети за насилствата во Собранието на РМ

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на осуммина од обвинетите им беше изречена условна казна од шест месеци доколку не го повторат делото во рок од една и пол година. Само на еден од обвинетите му беше изречена условна казна од 1 година и 6 месеци доколку во рок од пет години не направи ново кривично дело. Нивните адвокати соопштија дека се задоволни од пресудата. Во пресудата се наведува дека осудените ја турнале заштитната ограда на Собранието и се упатиле кон северниот и јужниот влез. Дел од осудените биле дел и од толпата која во прес-центарот со тупаници и клоци ги удирале пратениците.

Деветтемина обвинети за насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април добија условна казна. Сите обвинети пред Судот се изјаснија дека се каат за делото и дека нема да им се повтори во иднина, а повеќето од нив се изјаснија дека се нашле на погрешно место во погрешно време.

На денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на осуммина од обвинетите им беше изречена условна казна од шест месеци доколку не го повторат делото во рок од една и пол година. Само на еден од обвинетите му беше изречена условна казна од 1 година и 6 месеци доколку во рок од пет години не направи ново кривично дело. Нивните адвокати соопштија дека се задоволни од пресудата.

Во пресудата се наведува дека осудените ја турнале заштитната ограда на Собранието и се упатиле кон северниот и јужниот влез. Дел од осудените биле дел и од толпата која во прес-центарот со тупаници и клоци ги удирале пратениците.

На денешното судско рочиште, сите обвинети ја признаа вината за делото за кое се товареа, односно за учество во толпа што ќе стори кривично дело и учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршењето службени дејства.

Истовремено, Судот им го укина притворот и на обвинетите на кои претходно им беше изречена таква мерка.

За насилствата во Собранието на Република Македонија се осомничени 30-ина лица. Во настаните на 27 април беа повредени неколку пратеници меѓу кои најтешко лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

МВР соопшти дека работи на пронаоѓање на сите осомничени лица и на целосно расчистување на настаните.

Првото судско рочиште кое беше закажано на 18 мај, беше одложено за денеска поради отсуство на еден од обвинетите кој требаше да биде донесен од домашен притвор.

Инаку, група поддржувачи на обвинетите лица од движењето „Тврдокорни“ денеска беа присутни пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

А. Б.