/ Прочитано:

776

Уставниот суд ќе расправа за Одлуката за пристапување кон измена на Уставот

Оваа недела Уставниот суд ќе расправа за Одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, број 08-6054/1. На 19 октомври 2018 година Собранието со 80 гласа „за“  донесе одлука да се пристапи кон уставни измени.

Според Деловникот на Собранието, одлуката за пристапување кон измена на Уставот Собранието ја донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. За пристапувањето кон измена на Уставот гласаа пратениците од владејачкото мнозинство, но и пратениците Емилија Александрова, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Нола Исмајлоска-Старова, Елизабета Канческа-Милевска, Крсто Мукоски, Владанка Авировиќ и Зеќир Рамчиловиќ. Гласањето за пристапување кон измени на Уставот со двотретинско мнозинство беше неопходно за започнување на уставните измени.

Седницата на Уставниот суд зе закажана за 6 март.

М.В