/ Прочитано:

1.193

Уставниот суд укина одредби од Законот за управната инспекција кои упатуваа на непостоечки член од ЗОУП

Уставниот суд го укина членот 21-а став 1 во делот „членот 293-а став 3“ од Законот за управната инспекција. Членот 21-а став 1 од Законот за управната инспекција, во оспорениот дел „член 239-а став 3“, упатуваше на примена на член кој воопшто не постои во наведениот закон, односно Законот за општата управна постапка, што според Судот, истиот во оспорениот дел не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот, односно со принципот на владеењето на правото.

„Ова од причина што не станува збор за незначителен технички пропуст на законскиот текст, туку упатување на норми кои се непостоечки, што доведува до правна несигурност, нејаснотии и забуна во практикувањето на правото на субјектите кои се засегнати со конкретната правна проблематика“, посочуваат од Уставниот суд.

М.В