/ Прочитано:

2.255

Уставниот суд укина правно неиздржана норма во  Законот за животната средина

Уставниот суд го укина делот: „овластеното правно лице за вршење на технички преглед во постапката на регистрација на возило, односно правното лице надлежно за регистрација на пловниот објект да го уплати надоместокот“ од членот 198-а ставот 2 од Законот за животната средина.

Судот оцени дека правилната практична примена може да произлезе само врз основа на јасни, правно издржани норми, што овде не е случај бидејќи државните инспектори за животна средина, според оспорениот член 198-а став 2 од Законот, вршат надзор во однос на исполнувањето на обврска (утврдување и наплата на надоместок за животна средина) која правните лица овластени за регистрација на моторни возила и пловни објекти повеќе ја немаат.

„Имајќи предвид дека владеењето на правото како темелна вредност од член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот бара во правниот поредок да функционираат јасни, недвосмислени норми, а секој учесник во правниот поредок да има јасно утврдени норми на однесување во однос на правата, обврските, надлежностите и слично, што не е случај со оспорениот член 198-а став 2 од Законот, Судот оцени дека оспорениот дел од членот 198-а став 2 од Законот не е во согласност со наведената уставна одредба“, образложуваат од Уставниот суд.

М.В