/ Прочитано:

1.792

Усвоен Предлог-законот за меѓународна и привремена заштита

Владата го усвои Предлог-законот за меѓународна и привремена заштита, попознат како Закон за азил. Со Законот се врши усогласување на националното со европското законодавство во областа на азилот, односно меѓународната заштита. Предлог-законот беше доставен на мислење и до Европската комисија во Брисел и во него се инкорпорирани сите забелешки.