/ Прочитано:

1.148

Утврден новиот текст на Предлог-законот за вршење сметководствени работи

„По сеопфатните консултации со сметководителите и со експертите од оваа област, Министерството за финансии утврди нов текст на Предлог-законот за вршење на сметководствени работи“, известуваат од Министерството за финансии.

„Во него се вградени најголем број од добиените забелешки и сугестии со единствена цел преку предложените решенија да се овозможи одржлив развој и саморегулација на сметководствената професија, воспоставување и спроведување на  професионални стандарди и заштита на јавниот интерес.

Решенијата се во насока на слободен влез во сметководствената професија. Стекнувањето искуство во вршење сметководствени работи пред и по завршувањето на стручниот испит за сметководителите ќе се смета за релевантно. Истовремено се намалуваат трошоците на правните субјекти кои не вршат сметководствена дејност во делот на водењето на сметководството.

Со новиот закон се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување согласно со меѓународно прифатените стандарди и се овозможува поголема инклузивност и транспарентност во работењето на Институтот.

Со новите одредби Институтот  ќе започне и во континуитет ќе има обврска да ги преведува меѓународните стандарди за финансиско известување и ќе ги воспостави потребните стандарди за влез на Институтот во IFAC“, додаваат од Министерството за финансии.

Сметководителите се против нов закон подготвен без нивно учество

М.В