Утврден Предлог-законот за високото образование
Владата информира дека го утврдила Предлог-законот за високото образование и дека донела одлука, по усогласување на одредени членови, тој да биде пуштен во собраниска процедура до негово усвојување.
Со овој закон се уредуваат автономијата на универзитетот и академската слобода, условите и постапката за основање, статусните промени и престанокот на високообразовните установи, нивната дејност, системот за обезбедување и оценување на квалитетот на високото образование, основите за организација, управување, развој и финансирање на високообразовната дејност, правата и обврските на студентите, како и признавањето на странските високообразовни квалификации и надзорот над работата на високообразовните установи.
M.В