/ Прочитано:

1.037

Утврден текстот на Предлог-законот за странци

На предлог на Министерство за внатрешни работи, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за странци, со кој се врши усогласување со европското законодавство во областа на миграцијата, односно условите за влез, визите, одобрувањето на престојот и враќањето на странец со незаконски престој.

Исто така, Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата со новиот ревидиран текст на Акцискиот план за воспоставување на надворешен механизам за контрола над работата на лицата со полициски овластувања и припадниците на затворската полиција, со кој се дефинираат клучните активности за воспоставување на надворешниот механизам, надлежните институции и временските рокови за нивна имплементација, процената на потребните финансиски средства и нивното обезбедување во буџетот на соодветните институции.

М.В