/ Прочитано:

7.537

Владата го објави текстот на договорот со Грција

Владата го декласифицираше договорот со Грција и го објави на нејзината веб страница.  Договорот е насловен како „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, за престанување на важноста на привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешно партнерство меѓу страните“.

Портпаролот на Владата соопшти дека Владата денеска едногласно го разгледала и усвоила извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство за кој конечен збор ќе дадат граѓаните на референдум.

„Владата донесе одлука да го декласифицира договорот и тој веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата јавност има пристап до истиот. Во текот на утрешниот ден ќе знаеме кога ќе се потпише договорот. Во моментов не е позната точната локација на потпишување на договорот и не е утврден денот кога тоа ќе се случи“, изјави портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.