/ Прочитано:

1.539

Во подготовка измени на Законот за хартии од вредност

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за хартии од вредност се воведе задолжителна котација на акционерските друштва. Обврската за задолжителна котација е со рок од 5 години, односно до 30.4.2018 година.

„Имајќи предвид дека оваа мерка е позитивна за пазарот на капитал, особено во делот на свесноста на компаниите за нивните обврски за транспарентност, се предлага продолжување на рокот за задолжителна котација за период од две години. Во согласност со Законот за хартии од вредност, Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ) не може да врши порамнување на склучени прекугранични трансакции со хартии од вредност, а исто така, во моментов банките чувари на имот не можат да ги користат услугите на Депозитарот за порамнување на трансакции со хартии од вредност за своите клиенти“, информираат од Министерството за финансии.

Предложените измени и дополнувања на Законот за хартии од вредност, посочуваат од Министерството за финансии, имаат за цел зголемување на свесноста на компаниите во однос на нивните обврски за транспарентност преку продолжување на рокот за задолжителна котација, овозможување на порамнување на прекугранични трансакции преку поврзување на Депозитарот со странски депозитари и овозможување на банките чувари на имот, кои нудат услуги на чување на хартии од вредност на инвеститори, да бидат директни учесници во постапката на порамнување на трансакциите со хартиите од вредност.

М.В