/ Прочитано:

1.965

Во подготовка измени на Законот за консолидација на земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува Закон за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште.

„Потребата за носење на измени на постојната регулатива за консолидација на земјоделското земјиште произлегува од неколку причини кои особено се однесуваат на недоволното прецизирање или непостоење на одредби во постојниот закон од кои произлегува неефикасно функционирање на предвидените механизми за спроведување на процесите на окрупување на земјоделското земјиште. Направените истражувања и анализи детално утврдуваат низа процедурални пречки и недоречености во постојното законско решение кои целосно го оневозможуваат спроведувањето на консолидацијата на земјоделско земјиште, и во предвидена постапката со распределба и во постапката со размена. Истите пречки беа утврдени во процесот на тестирање на постојниот закон за консолидација при спроведување на два пилот-проекти во определени региони во земјата во периодот од 2014 до 2016. Искуствата од овие пилот-проекти покажаа дека релевантните одредби на постојниот закон не предвидуваат соодветни механизми за решавање на тешкотиите“, посочуваат од Министерството за земјоделство.

М.В