/ Прочитано:

1.051

Во подготовка измени на Законот за сигурност во железничкиот систем

Министерството за транспорт и врски подготвува измени на Законот за сигурност во железничкиот систем. Со Предлог-законот, велат од Министерството, се врши допрецизирање на членот 13 став (12) од Законот за сигурност во железничкиот систем во однос на рокот на важење на сертификатот за одржување на железничките возила, како и се пропишува преодна одредба во однос на одржувањето на железничките возила.