/ Прочитано:

805

Во подготовка нов Закон за нус-производи усогласен со законодавството на ЕУ

Во Агенцијата за храна и ветеринарство се подготвува Предлог-закон за нус-производи од животинско потекло.

Предлог-законот за нус-производи од животинско потекло, велат од Агенцијата, има цел да обезбеди високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните, а посебно заштитата на безбедноста на синџирот на исхрана и синџирот на храна за животните, преку утврдување на начинот на собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, обработката, претворањето, складирањето, ставањето во промет, дистрибуцијата, употребата и нештетното отстранување на нус-производите од животинско потекло и производите добиени од нив.

„Потребата од донесување нов Закон за нус-производи од животинско потекло произлегува од потребата за усогласеноста на националното законодавство со законодавството на Европската Унија. Со овој предлог-закон се уредува соодветно транспонирање на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и Советот од 21 октомври 2009 година за утврдување на здравствени правила за нус-производи од животинско потекло и производите добиени од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и за укинување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1774/2002 (регулатива за нус-производи од животинско потекло) и ќе даде основа за транспонирање на Регулативата (ЕУ) бр. 142/2011 на Комисијата од 25 февруари 2011 година за спроведување на Регулативата (ЕЗ) бр. 1069/2009 на Европскиот парламент и на Советот за утврдување на здравствените правила во однос на нус-производи од животинско потекло и добиените производи од нив кои не се наменети за исхрана на луѓето и за спроведување на Директива 97/78/ЕЗ на Советот“, се образложува во врска со законското решение.

М.В