/ Прочитано:

1.118

Во подготовка Закон за градење, чија цел е подобрување на решенијата во областа на градењето

Министерството за транспорт и врски известува дека е во подготовка Предлог-законот за градење. Во постојниот Закон, велат од Министерството,  постојат одредени недостатоци во областа на градењето, поради што се предлага тие да се надминат.

Целта на Предлог-законот е подобрување на решенијата во областа на градењето, правата и обврските на учесниците во изградбата, употребата и одржувањето на градбата, постапката за добивање одобрение за градење.

М.В