/ Прочитано:

901

Во подготовка законски измени за платите на избраните и именувани лица, а во врска со одлуката на Уставниот суд

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија. Измените на Законот се во врска со одлуката на Уставниот суд на Република Македонија кој ја укина законската одредба со која се нормираше непостоечка јавна функција.

Имано, на иницијатива на политичката партија „Левица“, Уставниот  суд го укина членот 14, во делот: „потпретседател на Владата“ од Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката.

Со членот 14 од Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката се определуваше коефициент за плата на потпретседател на Владата, што е јавна функција која не постои во правниот поредок на Република Македонија.

„Со донесување на Одлуката У. бр. 87/2017 на Уставниот суд на седницата одржана на 21 февруари 2018 година се укина членот 14 содржан во Законот за плата и надоместоци на избраните и именуваните лица во Република Македонија во делот на ‘потпретседател на Владата’. Со укинување на одвој дел од членот 14 од Законот се појави правна празнина за утврдување на платите на замениците на претседателот на Владата на РМ“, образложуваат од Министерството.

Одлуката на Уставниот суд  во врска со платата за непостоечката јавна функција – потпретседател на Влада

На Иницијатива на „Левица“, Уставниот суд поведе постапка за одредба со која се уредува плата за непостоечка јавна функција – потпретседател на Влада

М.В