/ Прочитано:

1.091

Врховниот суд донесе одлука и објави соопштение за предметот во врска со настаните во Собранието

Врховниот суд на Република Македонија донесе одлука по предметот Вкж1.бр.6/2018, во врска со настаните во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Врховниот суд им го замени притворот на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески и на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков со домашен притвор и им ја укина мерката куќен притвор на Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Игор Дурловски и Елена Божиноска.

„За сите осомничени се укинуваат точките 2 и 3 од член 165 од Законот за кривична постапка, како основ за продолжување на мерката притвор и куќен притвор.За осомничените К.М., С.В., М.Ч., М.П., Д.Л., Г.Ѓ., О.П. и М.П. мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор.Осомничените З.С., Г.А., И.С., В.Т. и В.М. остануваат во притвор.За осомничените Љ.Д., Ј.Т., Е.Д.Б. и И.Д. за кои била определена мерка куќен притвор, истата се укинува и се определуваат мерки на претпазливост да се јавуваат еднаш неделно во основниот суд на чија територија имаат живеалиштеЗа осомничените С.М., М.М. и С.М. мерката куќен притвор останува“, се вели во соопштението на Врховниот суд.

М.В