/Прочитано:

3.163

ВРХОВНИОТ СУД: Не треба да плаќаат надомест станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор и не поставиле инсталација

Одделот на граѓански дела на Врховниот суд на Република Македонија утврди правно мислење во врска со станарите кои никогаш не биле приклучени на системот на топлинска енергија.

„Станарите кои никогаш не биле приклучени на системот на топлинска енергија, не склучиле договор за снабдување со топлинска енергија и немале поставено внатрешна инсталација од снабдувачот на топлинска енергија немаат статус на исклучени пасивни потрошувачи и со тоа не треба да плаќаат надомест за ангажирана моќност (фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија)“, се вели во правното мислење на Врховниот суд.

Правното мислење на Врховниот суд во целост:

„Одделот на граѓански дела на Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 68 од Судскиот деловник (,,Службен весник на РМ“ бр.66 од 09.05.2013 год) и член 41 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија (,,Службен весник на РМ“ бр.36/95, 45/95 и 21/09) на седницата одржана на ден 20.02.2018 година, го утврди следното

ПРАВНО МИСЛЕЊЕ

Станарите кои никогаш не биле приклучени на систем на топлинска енергија, не склучиле договор за снабдување со топлинска енергија и немале поставено внатрешна инсталација од снабдувачот на топлинска енергија, немаат статус на исклучени пасивни потрошувачи и со тоа не треба да плаќаат надомест за ангажирана моќност (фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија).

О б р а з л о ж е н и е

До Врховниот суд на Република Македонија поднесена е иницијатива за воедначување на судската практика по однос на правното прашање, дали станарите кои никогаш не биле приклучени на системот на топлинска енергија и немале склучено договор за снабдување со топлинска енергија, кои немале поставено внатрешна инсталација од снабдувачот на топлинска енергија, може да се сметаат за исклучени и пасивни потрошувачи со обврска да плаќаат месечен паушал за испорачана топлинска енергија, односно надомест за ангажирана моќност (фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија).

Подносителот на иницијативата навел дека пред надлежен основен суд се поведени повеќе постапки од страна на Балкан Енерџи ДООЕЛ против физички лица т.н. пасивни потрошувачи на топлинска енергија, од кои три постапки се правосилно завршени, на начин што во два предмети барањето на тужителот е одбиено како неосновано, а во еден предмет е усвоено, поради што подносителот на иницијативата укажува на неединствена примена на законот. Врховниот суд на Република Македонија расправајќи по поставеното правно прашање, се раководеше од утврденото дека се работи за категорија на станари кои имаат станови во зграда во која претходно немало инсталирано систем за снабдување со топлинска енергија; дека некои од станарите инсталирале сопстве изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија („Службен весник на РМ“ бр.109/13, 126/15 и 127/15) донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика на РМ, а врз основа на член 28 од Законот за енергетика („Службен весник на РМ“ бр.16/11 и 136/11), во станбени, станбено- деловни и деловно-станбени објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред, може да се врши поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање.

Согласно став 2 од истиот член, исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажираната моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија. Во член 66 став 2 од погоре споменатите Правила за снабдување со топлинска енергија, односно член 65 став 2 според Правилникот за изменување и дополнување на Правилата за снабдување со топлинска енергија, предвидено е дека сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 1.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија. Согласно член 7 од Законот за облигационите односи (Службен весник на РМ бр.18/2001…161/2009), во засновувањето на облигационите односи учесниците не можат да установат права и обврски со кои за кој и да е од нив или за друг се искористува монополската положба на пазарот.

Согласно член 12 од истиот закон, во засновувањето на облигационите односи и остварувањето на правата и обврските од тие односи, субјектите се должни (кога со вршењето на својата дејност непосредно задоволуваат потреби на граѓаните), своите права и обврски да ги уредуваат и вршат на начин со кој се обезбедува почитување на основните права на потрошувачите и корисниците на услуги утврдени со овој закон, друг закон и меѓународните договори ратификувани од Република Македонија.

Според мислење на Врховниот суд на Република Македонија, одредбите од членот 52 став 1 и 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, не може да се применат на конкретната категорија на станари на која се однесува иницијативата. Изедначувањето на конкретната категорија на станари со категоријата на исклучените – пасивните потрошувачи опфатени со Правилата за снабдување со топлинска енергија, создава ситуација на искористување на монополската позиција на пазарот од страна на снабдувачот. Од содржината и анализата на напред наведените одредби од Правилата за снабдување со топлинска енергија, произлегува дека со нив се уредува прашањето за правото на поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање и за обврската на исклучените потрошувачи на топлинска енергија да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија. Тоа значи дека се работи за категорија на активни потрошувачи кои на свое барање биле исклучени и го стекнале статусот на исклучени потрошувачи.

Тие претходно имале склучено договор за снабдување со топлинска енергија и биле вклучени на системот за дистрибуција, а потоа на нивно барање биле исклучени, (или пак оној станар кој купил стан во зграда во која претходно бил инсталиран систем за снабдување со топлинска енергија и кој знаел дека за таа станбена зграда е предвиден систем на дистрибуција на топлинска енергија).

Оттука, при состојба кога во колективниот објект за домување претходно немало инсталирано приклучок за топлинска енергија, туку тој подоцна бил инсталиран кај други станари, на начин што секој приклучен стан имал индивидуален мерен уред поставен на влез на станот со кој е овозможена распределба на надоместокот за топлинска енергија на ниво на мерно место, не може да се смета дека станарот чиј стан не е поврзан со системот на топлинска енергија има статус на исклучен пасивен потрошувач.

Ова особено што таа категорија на станари не биле претходно вклучени на системот за дистрибуција, ниту побарале да им се постави внатрешна инсталација за снабдување со топлинска енергија, ниту пак имале склучено договор од кој би произлегол за нив должничко-доверителски однос со снабдувачот. Воедно, оваа категорија на станари никогаш не ги користеле услугите на снабдувачот со топлинска енергија, па поради тоа ниту можеле да поднесат до него барање за исклучување од снабдувањето, па затоа тие немаат статус ниту на активни ниту на пасивни потрошувачи.

ВРХОВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Оддел за граѓански дела“

ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ГРАЃАНИН КОЈ НЕ ПЛАЌАЛ СМЕТКИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ: Нема правен основ за наплата на сметки за невклучено парно греење

М.В