/ Прочитано:

1.474

ЗАКОН КОЈ ЌЕ ИМ ПОМОГНЕ НА СИРОМАШНИТЕ И ГЛАДНИТЕ: Во подготовка Закон за нефрлање храна

Во Македонија е неопходно да се донесе закон со кој ќе се забрани фрлањето на храната, која би се упатила кон социјално загрозените и сиромашни лица и семејства кои се на маргините на општеството и кои секојдневно се соочуваат со гладот, велат од Банка за храна – Македонија, организација која е во целост фокусирана на борбата против гладот и сиромаштијата.

akademik foto 1

Во своето досегашно функционирање, активностите на Банка за храна – Македонија се насочени кон успешно намалување на сиромаштијата и гладот, и тоа преку  прифаќање и собирање на земјоделските, агроиндустриските и трговските производи од донаторите – снабдувачи, нивно складирање, понатамошно нивно сортирање, пакување, како и неодложно и итно  дистрибуирање до социјално загрозените категории граѓани, а со посредство на социјалните центри, институции, како и хуманитарни невладини организации кои функционираат на локално ниво.

akademik foto 1

„Во Република Македонија со сиромаштијата се погодени луѓето со низок степен на образование, невработените и работоспособни луѓе, потоа жителите во руралните подрачја, децата, старите лица, лицата со посебни потреби, раселените лица, домаќинствата каде што носител на домаќинството е жената, ромската популација и многу други“, истакнуваат од македонската Банка за храна.

Загрозените и сиромашните лица и семејства евидентирани во центрите за социјална работа, посочуваат од Банката за храна, се во многу потешка ситуација од институционално згрижените лица, а причината за тоа е што овие лица се далеку од очите на јавноста и се на самите маргини на општеството.

akademik foto 1

„Тоа се семејства што живеат под границите на сиромаштијата и на кои помошта им е неопходна и најпотребна и коишто секојдневно се соочуваат со гладот. Во Македонија има над 70 илјади луѓе кои јадат два до три пати неделно, додека пак, од друга страна, на депониите низ земјава се фрлаат илјадници тони храна годишно“, истакнува Душко Христов, претседател на „Банка за храна – Македонија“, повикувајќи се на истражувањата на Банката за храна, засновани на теренските испитувања од кои практично и најреално и најадекватно можат да се согледаат проблемите на овие луѓе.

„Нормативното уредување на една задолжителна редистрибуција на храната кон оние на кои им е најпотребна би претставувало значаен исчекор во борбата против гладот. Во таа смисла, целта на Законот е благородна, а не репресивна, иако нема да бидат исклучени санкции за неговото непочитување“, вели Христов.

Законот, додава Христов, треба да биде општ и со акламативно нагласена потреба од негово донесување, со што ќе биде ориентир според кој понатаму ќе се направат законски измени и измени на прописите со кои се уредува трговската и прехранбената област.

akademik foto 1

„Законот нема да се однесува на граѓаните, туку на производителите, дистрибутерите и маркетите, како и на угостителските капацитети. Во нашите разговори со овие деловни субјекти, заедничка е констатацијата од потребата за донесување на ваков закон. Кај речиси 90 % од компаниите постои согласност дека е потребно да се донира храната кај оние на кои им е потребна, отколку да се фрла“, вели Христов.

Во таа смисла, додава претседателот на  „Банка за храна Македонија“ , Законот од социо-економски аспект ќе претставува поттикнување на сите субјекти во општеството за одржливо менаџирање со храна, за редуцирање на отпадот од храна, за донирање на вишоците, но и за зајакнување на свеста за учество во процесите за намалување на сиромаштијата.

М.В