/ Прочитано:

1.305

Законите за урбанистичко планирање, за финансиска дисциплина и за бесплатна правна помош на владина седница

„Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи својата редовна 124 седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа за оваа година и од интерес на граѓаните. На оваа своја седница, на предлог на Министерство за транспорт и врски, ќе биде разгледан Предлог – законот зa урбанистичко планирање. Министерството за правда на седницата ќе го презентира Предлог – законот за бесплатна правна помош, додека Министерството за финансии за оваа седница го предлага на разгледување  Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина“, се вели во соопштението на Владата.

М.В