/ Прочитано:

1.809

Законот за инспекциски надзор на прво читање пред Комисијата за политички систем

На дневен ред на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог-законот за инспекциски надзор. Предлог-законот е во фаза на прво читање.Со новиот Закон за инспекциски надзор инспекцијата нема да се доживува како репресија, велат од МИОА.

Општата цел на Предлог-законот за инспекциски надзор, се вели во законското  образложение, е надминување на неконзистентноста и детектираните слабости во применувањето на сегашниот Закон за инспекциски надзор и воведување на нов концепт на инспекциски надзор преку планирање врз основа на процена на ризик и уедначено вршење на инспекцискиот надзор, со што ќе се постигне поголема транспарентност, предвидливост и правна сигурност за субјектите на надзор.

Во овој контекст, специфичните цели на Предлог-законот вклучуваат:

  • претпоставување на превентивниот пред репресивниот аспект на инспекцискиот надзор преку воведување на опомена како примарна инспекциска мерка;
  • зголемена сигурност и предвидливост за субјектите на надзор, со задолжителноста на листите на проценка и степенувањето на ризикот;
  • подобрување на ефективноста на Инспекцискиот совет преку појасно и попрецизно определување на неговата улога и надлежност;
  • подобрување на координативните и контролни механизми за следење на работењето на инспекциските служби преку поедноставување на административните обврски кон Инспекцискиот совет;
  • подобрување на квалитативната и квантитативната структура на инспектори, преку воведување на нов систем за стекнување со лиценца за инспектор, како и нов систем за постојана обука и стручно усовршување на инспекторите и
  • подобрување на атрактивноста на инспекторската професија и зголемување на мотивацијата преку регулирање на правата за додатоци и надоместоци на плата за инспекторите.

Со новиот Закон за инспекциски надзор инспекцијата нема да се доживува како репресија, велат од МИОА.

Опомената – примарна инспекциска мерка во Предлог-законот за инспекциски надзор

Предлози и забелешки за Законот за инспекциски надзор

Јавна расправа за новиот Закон за инспекциски надзор: Ќе се подобри квалитетот на работата на инспекциските служби

МИОА: Јавна расправа за Предлог-законот за инспекциски надзор

Реформата на инспекциските служби значајна за работата на компаниите

Се подготвува нов Закон за инспекциски надзор 

М.В