/ Прочитано:

2.130

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на седница на Комисијата за труд

Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата е на дневен рад на собраниската Комисија за труд и социјална политика.

Со Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата ќе се овозможи  материјална заштита на лица кои претходно не можеле да го користат правото на материјално обезбедување поради приватизација на претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

„Со новиот закон се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот 1995–2017 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација. Исто така се овозможува правото на материјално обезбедување да се оствари без разлика дали работниот однос склучен по користењето на паричниот надоместок по основ на невработеност бил на определено или неопределено време и без разлика дали  престанал по волја и вина на работникот. На овој начин ќе се овозможи материјално да бидат обезбедени дополнителни 1.600 невработени лица“, се вели во законското образложение.

М.В