/ Прочитано:

912

Законот за заштита на културното наследство ќе се усогласува со законодавството на ЕУ

Владата на РМ поднесе измени на Законот за заштита на културното наследство во Собранието на РМ. Со текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, се посочува во законското образложение, ќе се обезбеди усогласување на законодавството на Република Македонија со законодавството на Европската Унија, односно ќе се изврши усогласување на Законот за заштита на културното наследство со Директивата 2014/60/ЕУ од 15 мај 2014 година за враќање на предмети од областа на културата незаконски извезени од територијата на земја членка и за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 1024/2012 донесена од страна на Европскиот парламент и од Советот на Европската Унија.

Одредбите од Директивата 2014/60/ЕУ се во насока на олеснување на постапките за враќање на културните добра кои се незаконски изнесени од територијата на земја членка на Европската Унија и враќањето на предметите од областа на културата од земјите од кои се незаконски изнесени да не предизвика неразумни трошоци.

Директивата 2014/60/ЕУ дава основа и за зголемена административна соработка меѓу централните органи за координација на враќањето на незаконски извезените предмети од областа на културата на земјите членки на Европската Унија преку размена на информации за предметите од областа на културата кои се незаконски изнесени од земја членка. Помошно средство преку кое се овозможува размена на информации е Информативниот систем за внатрешен пазар (ИМИ) предвиден со Регулативата (ЕУ) бр. 1024/2012.

M.В