/ Прочитано:

2.662

Законски измени: „Сопствениците добро да размислат дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик“

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за заштита и благосостојба на животните.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните, велат од Министерството,  се воспоставува систем за регистрација на одгледувачници за домашни миленици од видовите куче и мачка. Со воспоставување на оваа мерка се очекува оние сопственици на домашни миленици кои не сакаат да го чуваат својот миленик за репродукција да го стерилизираат својот миленик. Крајната цел е зајакнување на одговорното сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња и мачки.

„Потребата од изменување и дополнување на Законот за заштита и благосостојба на животните се прави со цел за унапредување на одговорното сопствеништво на домашните миленици, како и спроведување на Стратегијата за заштита и благосостојба на животните за пролонгирање на рокот за отфрлање на основниот кафезен систем за држење на кокошки несилки. При спроведување и воспоставување на системот за контролата на популацијата на кучиња еден важен сегмент е неодговорното сопствеништво, односно контрола на приливот на кучиња и мачки кои потекнуваат од сопственици кои имаат несакани легла или го напуштаат својот домашен миленик. Со воспоставување на оваа мерка многу ќе се допринесе за зголемување на свеста на сопствениците на кучиња и мачки кои пред да почнат да ги чуваат треба добро да размислат дали имаат услови и дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик и да се свесни за одговорностите и финансиските трошоци кои ќе ги имаат како сопственици на животни“, образложуваат од Министерството.

„Анима мунди“ достави коментари и предлог-измени на Законот за заштита и благосостојба на животните

Предложен закон сопствениците да ги кастрираат своите кучиња кои се во репродуктивен период

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

М.В