/ Прочитано:

2.636

Законски измени за превоз во патниот сообраќај

Владата го утврди новиот текст на Предлог-законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај со кој се предлага укинување на обврската за познавање на англискиот јазик за такси-превозниците и донесе заклучок Предлог-законот да биде доставен до Собранието на Република Македонија на усвојување.

Законските измени, чија цел е бришење на условот за меѓународен сертификат за англиски јазик за автотакси-возачите, беа најавени во месец декември минатата година. Целта на Предлог-законот за изменување на Законот за превоз во патниот сообраќај, посочија од Министерството за транспорт и врски, меѓу другото, е бришење на условот за поседување меѓународен сертификат за познавање англиски јазик на ниво А1 или А2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа, кој се однесува за автотакси-возачи.

Лиценца од членот 7 став 1 точки 1 и 2 од овој закон може да добие домашно правно или физичко лице, односно превозник кој покрај останатите услови треба да има и вработено автотакси-возачи во зависност од бројот на возила што ги поседува, минимум еден возач по возило, и да поседуваат меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик на ниво А1 или А2, според Заедничката европска референтна рамка за јазици (CEFR) на Советот на Европа.

Законски измени чија цел е бришење на условот за меѓународен сертификат за англиски јазик за автотакси возачите