/ Прочитано:

1.012

Законски измени за продажба на нафтени деривати од задолжителните резерви во случај на нафтена криза

Владата на РМ поднесе измени на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати во Собранието на РМ.

„Крајната цел на предложениот закон за изменување и дополнување на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати е пропишување на постапка за продажба на нафтени деривати од задолжителните резерви во случај на настанување на нафтена криза од поголеми размери, како и продажба заради нивно обновување во исклучителни случаи кога од различни причини Дирекцијата е принудена самостојно да го врши обновувањето, сè со цел да не се применуваат одредбите од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост, каде што се предвидени попусти од 30% или 50%, во насока на минимизирање на финансиските загуби на Дирекцијата при обновувањето на задолжителните резерви.  Согласно наведеното, основните решенија содржани во предложениот текст на законот се однесуваат на пропишување на начинот и условите на пуштање во промет на задолжителните резерви во случај на нафтена криза, како и начинот и условите за размена и продажба на нафтените деривати заради обновување.  Воедно, во предложениот законски текст извршено е и усогласување со новиот Закон за енергетика“, се вели во законското образложение.

М.В