/Прочитано:

199

Законски измени за воведување на нова државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

Владата ја усвои информацијата за потребата од изменување и дополнување на Законот за државните награди. Министерството за култура, во соработка со неколку ресорни министерства и надлежни институции, е задолжено да формира работна група, која треба да подготви Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди и да го достави до Владата на Република Македонија.

Во согласност со законот, во Република Македонија се доделуваат државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството.

Во Република Македонија се доделуваат следните државни награди:  „11 Октомври”,  „23 Октомври”  „22 Ноември“ „8 Септември“ , „Св. Климент Охридски”,  „Гоце Делчев”, „Мито Хаџи Василев Јасмин” и „Мајка Тереза”.

Со измените на Законот за државните награди ќе се востанови нова државна награда за унапредување на човековите права, која ќе го носи името на Мето Јовановски. Мето Јовановски (1928 – 2016) е македонски писател, прв претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, а потоа негов почесен претседател.

М.В