/ Прочитано:

1.334

Законски измени за воведување нов вид студентски стипендии

Министерството за образование подготвува измени на Законот за студентскиот стандард.

„Со Законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард се врши изменување и дополнување на членот 49 од Законот за студентскиот стандард, во насока на воведување на нов тип на студентски стипендии за студенти запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование“, образложуваат од МОН.

Целта на ова законско решение, додаваат од МОН, е да се мотивираат завршените средношколци со постигнати високи резултати да го продолжат своето образование на факултети кои реализираат студиски програми за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

М.В