/ Прочитано:

1.301

Законските измени за формирање одделение за прекршоци во Министерството за економија се во собраниска процедура

Владата ги поднесе во Собранието на РМ измените  на законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и за контрола на предметите од скапоцени метали.

Измените на сите 3 закони се поврзани со измените во Законот за Државен пазарен инспекторат, кој претрпе измени поради конфликт со важечката систематизација на Државниот пазарен инспекторат, со која се укина одделението за прекршоци. Со измените на наведените 3 закони се овозможува да се формира одделението за прекршоци во Министерството за економија.

Измените, образложуваат од Владата, се во насока на усогласување на измената во постојниот член 13-а во Законот за Државен пазарен инспекторат, каде што се менува носителот на надлежноста за водење на прекршочните постапки, односно од Инспекторатот надлежноста преминува во Министерството за економија. Оваа измена е неопходна поради усогласување на прекршочните постапки, како од аспект на функционалноста така и од деловодно водење на предметите по кои треба да постапи Прекршочната комисија формирана од министерот за економија.

М.В