/ Прочитано:

1.053

Законските измени за нотаријатот и извршувањето пред Законодавно-правната комисија

На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за нотаријатот и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување, кои се во фаза на второ читање.

„Со измените и дополнувањата на Законот за нотаријатот ќе се надминат констатираните слабости на постојниот закон, содржински ќе се преуредат и допрецизираат законските одредби кои поради нивната недореченост во праксата оставаа простор за различно толкување“, се вели во предложените законски измени за нотаријатот.

„Донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за извршување има за цел да ја олесни, поедностави, поевтини и зголеми  ефикасноста при остварување на правата на граѓаните и правните лица и сите учесници во постапката пред извршител, а во правец на надградување на  системот за брзо и ефикасно спроведување на извршување и остварување на правата на доверителите, почитувајќи го интегритетот на должникот“, се вели во предложените законски измени за извршувањето.

Вчера двата предложени закони беа на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

Второ читање на измените на законите за нотаријатот и извршувањето

Измените на законите за нотаријатот и за извршувањето пред  Комисијата за политички систем

Објаснување на измените на Законот за нотаријатот, кои се во собраниска процедура

Измените на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување пред пратениците

Симулација за намалувањето на трошоците на граѓаните во постапките пред извршителите и нотарите

Владата ги прифати законските измени за намалување на трошоците за нотарите и за извршителите

АКРМ СО БАРАЊЕ ДО ВЛАДАТА И ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА:  Активно да бидеме вклучени во подготовката на измените на законите за нотаријатот и за извршување

За измените на Законот за нотаријатот ќе се слушнат аргументите и на нотарите и на адвокатите, вели министерката за правда

М.В