/ Прочитано:

1.223

Законските решенија за следењето на комуникациите треба да ја гарантираат правната сигурност на граѓаните

Денеска на Факултетот за безбедност во Скопје беше одржана научно-стручната дебата на тема „Демократски стандарди и практики во следењето на комуникациите и функционален безбедносен систем“, по повод законските решенија во Собранието на Република Македонија и Планот 3-6-9 на Владата на Република Македонија.

Целта на научно-стручната дебата беше детално разгледување на Предлог-законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за Оперативно-техничката агенција, кои се во собраниска процедура, со посебен осврт на механизмите за контрола на следење на комуникациите и отворање дебата за нивната функционалност и обезбедување на ефикасност на системот во борбата против организираниот криминал, корупцијата и делата против државата, како и почитување на човековите права и слободи и Уставот на Република Македонија.

На дебатата беше нагласено дека е потребно прецизирање на законските решенија за реформи на системот за прислушувањето, усогласување со Уставот и другите закони, како и со нормите на ЕУ. Заштита на личните податоци на граѓаните, јасни и строги критериуми за избор на директорот на Оперативно-техничката агенција и нејзините вработени, департизација на службата се дел од препораките што произлегоа од денешната втора дебата за предлог-законите за следење на комуникациите и за формирање на ОТА.

„Решенијата мора да имаат јасни и прецизни одредби, кои ќе ја гарантираат правната сигурност на граѓаните и правните лица во земјава, и да ги отстранат сомнежите за можна идна злоупотреба на личните и другите податоци кои ги прибираат операторите за физичките и правните лица“, беше истакнато на дебатата.

Според продеканот на Факултетот за безбедност, Марјан Ѓуровски,  предложените законски решенија за следење на комуникациите излегуваат од дадените постојни рамки на Законот за кривичната постапка и се во колизија со две третини од другите постојни закони, со што се креира сива зона на тајната полиција.

„Законските решенија треба да се усогласат со законодавството на ЕУ и да обезбедат заштита на приватноста и на личните податоци“, истакна Александар Николов од невладината асоцијација „Зенит“, додавајќи дека е проблематична релацијата во иднина меѓу УБК и ОТА.

Според директорот на Агенцијата за разузнавање, Зоран Иванов, во фокусот на реформите треба да биде подигнувањето на организациската култура. Каков закон и да напишеме, рече Иванов, нема да има придвижување затоа што клучните забелешки доаѓаат од организациската култура на нашиот безбедносно-разузнавачки систем.

„Нема гаранција дека ОТА ќе биде нова служба со интегритет“ – стручната јавност бара повлекување на законските решенија

Реформите за следење на комуникациите да не бидат козметички, предупредуваат граѓанските организации

Пакетот закони за реформи на системот за следење на комуникациите влегуваат во собраниска процедура

Какви обврски се пропишани за операторите во новиот Предлог-закон за следење на комуникациите

Законското образложение на Предлог- законот за следење на комуникациите

Се брише членот 175 од Законот за електронските комуникации во кој се пропишуваат должностите на операторите при следење на комуникациите

Во подготовка нов Закон за следење на комуникациите и нов Закон за оперативно-техничка агенција усогласени со препораките на Прибе

М.В