/ Прочитано:

1.909

Здружението на судии: Средба на претседателот Саити со претставник на Стејт департментот

Претседателот на Здружението на судии, Џемали Саити, потпретседателката на Здружението, судијката Емилија Шопар-Јованова, и судијата Иван Џолев, член на Управниот одбор, остварија средба со Сузан Фалатко, заменик-директорка на Канцеларијата за прашања на Јужна и Централна Европа при Стејт департментот на САД.

На средбата, претседателот Саити ги образложи сите досегашни проекти спроведени од страна на Здружението и изрази благодарност до Амбасадата на САД во Македонија и до Стејт департментот за безрезервната поддршка во имплементацијата на проектите за поддршка на  реформата на правосудството, Планот 3-6-9, како и Стратегијата за реформа на правосудството и исто така ја нагласи потребата од континуирана соработка со Амбасадата на САД во Македонија и Стејт департментот.

„Сузан Фалатко го изрази своето задоволство за напредокот на Здружението при имплементацијата на проектите и ја констатира понатамошната поддршка кон Здружението, со акцент на континуирана соработка и поддршка во имплементација на наредните активности за унапредување на независноста и самостојноста на судиите, што ќе придонесе кон реформскиот процес на Република Македонија и нејзино приближување кон Евроатлантските интеграции“, известуваат од Здружението на судии на РМ.

M.В