/ Прочитано:

1.656

Здруженијата за заштита на животните бараат законот да штити, а не да убива

Седумнаесет здруженија за заштита на животните од РМ бараат измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните, пред сè, во насока на законска забрана за евтаназија на бездомните животни.

Соопштението на здруженијата го пренесуваме изворно:

„Информираме дека со цел суштинско и квалитативно унапредување на Законот за заштита и благосостојба на животните, со кој ќе се овозможи зголемена безбедност и здравствена заштита на населението на Република Македонија, воедно во контекст на заклучокот од Извадок од нацрт записникот од 101 седница на Владата на Република Македонија,  Анима Мунди поднесе Коментари и предлог амандмани врз Нацрт законот за измена и дополнување на законот за заштита и благосостојба на животните, изработени од нашето здружение и поддржани од 16 македонски здруженија за заштита на животните[1]. Нашите коментари и предлог амандмани се достапни на порталот ЕНЕР. Предложените законски решенија се меѓусебно поврзани и прават една правна целина.

Фокусот во предлог законските измени кои ги доставуваме е ставен врз:

Јасна, децидна забрана за еутаназија како механизам за справување со бездомната популација кучиња затоа што усмртувањето се применува со децении и не донело резултат, го продлабочило проблемот, дало можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот. Рутинското убивање не само што не го решило проблемот, туку ги изложил/ги изложува граѓаните на опасност. Доколку убивањето давало позитивни резултати во надминување на проблемот, истиот во Република Македонија одамна ќе беше решен. Во овој контекст не само држави како Романија, Бугарија, Унгарија, туку и Република Македонија е пластичен пример и показател за неуспех кој се должи на континуирана примена на погрешни мерки и стратегии.

Дефинирање на дополнителни забранети постапки со цел да се унапреди заштитата и благосостојбата на животните (пр: Забрана за трчање или влечење на животни заврзани за моторно превозно средство кое е во движење – Забрана за чување на кучиња постојано врзани на ланец или во бокс, без да се овозможи слободно движење надвор од тој бокс – Забрана за колење и усмртување на животни во ритуални обреди, надвор од кланици – Забрана за одгледување на кокошки во основен кафезен систем – Забрана за чување, одгледување и користење копитари во урбана средина – Забрана за е користење на копитари за извлекување дрва )

Воведување на можност директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, во случаи на прекумерно зголемување на бројот на уличните животни, да може да нареди мандаторна стерилизација/кастрација на домашните миленици на одредена територија, на сметка на општината, општините во град Скопје односно градот Скопје. Оваа мерка е од времен карактер, сè додека не се намали бројот на бездомни животни на конкретната територија. Оваа мерка ја предлагаме по пример на Законот за заштита и благосостојба на животните од Република Хрватска каде истата е воведена и најде примена во 130 општини/градови, вклучително град Загреб. Воедно потенцираме дека еутаназијата на бездомните животни е строго забранета со законот во Република Хрватска и овие две мерки меѓусебно се комплементарни.

Воведување нови законски одредби кои би овозможиле примената на законот да биде пофлексибилен, општините во недостиг на финансиски средства или инфраструктура, или по проценка на ефект да можат да спроведуваат програма за намалување на бројката бездомни животни во соработка со здруженија, ветеринарни станици, граѓаните (пример ваучер систем или мобилни клиники кои би опслужувале повеќе општини и сл). Ова го сметаме за исклучително важно, бидејќи до сега Законот оневозможува се друго освен дејствување во рамки на стационари што е скапо, непотребно, неодржливо. – Со законот да се дозволи соработка со меѓународни организации и нивно директно (волонтерско) ангажирање во Република Македонија со цел намалување на бројката бездомни животни. Ова е неопходно со цел да во иднина повторно не пропуштиме помош која сме ја обезбедиле од некои од најсилните меѓународни организации, но не сме можеле да ја реализираме бидејќи таков вид директни интервенции не дозволувало нашето законодавство (оневозможени стерилизации од http://www.enpa.it http://worldvets.org/ .

Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни. Во моментов единствено надлежна за да постапува во случаи на мачење, злоупотреба, занемарување, неодговорно сопствеништво и напуштање на животните во Република Македонија е ветеринарна инспекција при Агенција за храна и ветеринарство. Меѓутоа ветеринарна инспекција има бројни други надлежности, а и не е специјализирана за заштита на животни. Како последица на тоа, сведоци сме на неодговорно сопствеништво кое е основен причинител за постоење на бездомни животни на улиците; нелегална купопродажба на животните, борби со кучиња, пред сè во руралните средини при што повеќе „неупотребливите“ единки најчесто завршуваат на улица, како и исклучително бројни и екстремни случаи на насилство врз животните во Р. Македонија, кои без двоумење укажуваат на агресија и насилство во македонското општество – девијантни појави кои е неопходно да се превенираат, или кои доколку се случат е неопходно да бидат строго санкционирани. Таквите случаи се најчесто истражувани, откривани и пријавувани од здруженијата за заштита на животни. За жал фактичката состојба укажува дека по истите не се постапува соодветно, т.е. дека иако здруженијата ги евидентираат и пријавуваат, случаите не добиваат адекватна правна завршница.“

Пратениците расправаат за задолжителна кастрација на домашните кучиња

Законски измени: „Сопствениците добро да размислат дали навистина сакаат да чуваат домашен миленик“

„Анима мунди“ достави коментари и предлог-измени на Законот за заштита и благосостојба на животните

Предложен закон сопствениците да ги кастрираат своите кучиња кои се во репродуктивен период

Иницирани законски измени за решавање на проблемот со бездомните кучиња

М.В