/ Прочитано:

1.033

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Собранието го изгласа Законот за спречување и заштита од дискриминација. Со новиот Закон се професионализира Комисијата за заштита од дискриминација. Целта на овој закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од  дискриминација во остварувањето на човековите права и слободи.

Со овој закон се уредуваат превенцијата и  забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и  составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Во новиот текст на законот се прошируваат основите за дискриминација, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација, се професионализира комисијата за заштита од дискриминација и се менува називот и надлежноста на комисијата во комисија за спречување и заштита од дискриминација, која ќе треба да работи и на превенцијата освен на заштита. Се доуредуваат надлежностите на комисијата, начинот на избор и условите за избор на членови. Се воведува одредба за користење на нови докази во судските постапки и actio popularis. Исто така се предвидува и ослободување од судски трошоци во судските постапки“, се вели во законското образложение.

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В