/ Прочитано:

1.446

ЗНМ: Наскоро треба да започне дебатата за законските измени за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој минатата година го изготви Здружението на новинари со Советот за етика во медиумите, Самостојниот синдикат на новинари, Институт за комуникации и Македонскиот институт за медиуми, а врз основа на предлогот на Ванхауте, доби поддршка од Владата како прв чекор за отпочнување на реформите во медиумите. За две недели, како што рече Селмани, се очекува да почне дебатата во Собранието на Република Македонија.

Европскиот експерт, Питер Ванхауте, кој во Македонија е по покана од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција соопшти дел од содржините на предложените реформи во медиумите, а тие се однесуваат, пред сè, на анализа за финансиските и кадровските прашања и продукцијата на јавниот радиодифузен сервис, како и саморегулацијата на медиумите без инволвирање на Владата.

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека Предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за aудио и аудиовизуелни медиумски услуги, кој минатата година го изготви Здружението на новинари со Советот за етика во медиумите, Самостојниот синдикат на новинари, Институт за комуникации и Македонскиот институт за медиуми, а врз основа на предлогот на Ванхауте, доби поддршка од Владата како прв чекор за отпочнување на реформите во медиумите. За две недели, како што рече Селмани, се очекува да почне дебатата во Собранието на Република Македонија.

„Владата има волја да го поддржи предлогот. Сметаме дека нема веќе време за губење и потребно е сите заеднички да се заложиме и да го отвориме тој процес, пред сè, во делот на слободата на говорот. На сите ни е јасно дека реформите се неопходни, знаеме дека се нотирани како приоритетни и во извештаите на ЕУ“, истакна Селмани на денешната прес-конференција.

Ванхауте верува дека предлозите што произлегоа од долгиот процес на консултации и преговори, додека траеше политичката криза во Македонија, се основа за успешни реформи во медиумите, нагласувајќи дека е најважно да бидат вклучени сите релевантни чинители, по што процесот ќе продолжи во Парламентот.

„Владата е согласна дека треба да се одвојат повеќе ресурси за да може добро да функционира јавниот дифузен сервис. Во таа насока, предложивме да одвојат најмалку  еден процент од Буџетот за поддршка на  МРТВ“, истакна европскиот експерт.

Кога станува збор за саморегулацијата на медиумите, тој смета дека Владата не треба да ги уредува односите во медиумите и да кажува кој што треба да прави.

„Ваквиот концепт треба да важи општо во медиумите и се надеваме дека со тек на време ќе најдеме решение и за онлајн медиумите“, нагласи Ванхауте.

Едно од најважните прашања, како што рече Ванхауте, покрај медиумските реформи е да не се дозволи неказнивост на насилството врз новинарите и притоа побара да се расветлат големиот број, односно 52-та случаи со насилство врз новинари, каде, како што рече, станува збор за физички напад, палење простории и возила, уништување опрема  и напади врз членови на семејствата.

А. Б.