/ Прочитано:

934

Адвокат за Денот на вљубените нуди бесплатен развод

Петок, 14 февруари 2014 – Американскиот адвокат Волтер Бентли од Детроит ја продолжува традицијата за Денот на вљубените да нуди специјална понуда на денот – бесплатен развод.

Адвокатот наведува дека среќникот кој ќе победи на неговиот „оглас“ треба да исполни неколку критериуми како што е постоењето на уверлива животна приказна, спогодбена изјава на волја на двете брачни страни и постоењето на минимални проблеми во врска со старателството на децата.

Од канцеларијата на адвокатот соопштуваат дека интересот е голем, а и минатата година имало дури 500 пријавени кандидати.

„Бараме некој кој со сите сили се бори да смени нешто во животот, да заврши некоја агонија во неговиот живот, а за тоа нема пари. Можеби кај некого веќе не постои љубов во бракот, а тоа е проблем кој треба правно да резултира и затоа сметам дека најважно е во име на љубовта да им се подари тој бесплатен развод“, резонира Бентли.

Како што изјавува адвокатот, овој хуман гест е заснован на нулта трошок за победникот и додава дека сите процесни дејствија, документација и адвокатската добивка ќе бидат на трошок на адвокатската канцеларија.

„Со тоа, нашиот подарок за победникот ќе бидат тие неколку илјади долари како пресметан вкупен износ за сите трошоци“, најавува адвокатот, повикувајќи ги граѓаните да конкурираат на огласот „во име на љубовта“.