/ Прочитано:

1.078

Адвокатите од Србија честа ќе ја бранат со штрајк: „НЕ“ за новите давачки и одземените надлежности!

Вторник, 24 јуни 2014 – Адвокатската комора на Србија донесе одлука сите адвокати во земјата од утре до крајот на неделата да стапат во штрајк во знак на незадоволство заради зголемените даночни давачки, одземените надлежности и системски некоректниот однос кон адвокатурата како професија.

Како што наведуваат од Адвокатската комора на Србија, спроведувањето на штрајкот значи дека нема да се одржуваат судења, истраги, сослушувања во полицијата или во обвинителството кога според закон мора да присуствува и бранител.

Причинита за штрајкот, велат адвокатите, е повеќекратното оданочување на нивната дејност и бараат од Министерството за финансии да ги стави вон сила новите решенија, а кои се однесуваат на адвокатурата и плаќањето на новите финансиски обврски.

Покрај новите оданочувања, причина за штрајкот е и донесувањето на разни прописи со кои се одземаат надлежностите на адвокатите и им се доверуваат на нотарите и медијаторите.

Адвокатите, како што се додава, се револтирани и од самиот начин на утврдување на новите давачки кои според нив, се засновани на „нејасни и неодредени критериуми“.

„Се работи за системски проблем. Тоа се гледа од новите давачки, новите законски решенија за одземање на надлежностите, но и до самиот начин на кој се постапува со адвокатите при вршењето на нивната работа и во судовите и во полицијата и во органите на управата“, потенцираат од Адвокатската комора на Србија.

Министерството за финансии кое ја донесе спорната Уредба, со која се наметнуваат и зголемуваат нови давачки за адвокатите, смета дека нивниот протест е неоснован.

(M.В)