/ Прочитано:

1.149

АДВОКАТСКА СОЛИДАРНОСТ: Неуспешна владина „Раздели, па владеј“ тактика за адвокатите од Војводина

Понеделник, 27 октомври 2014 – Адвокатската комора на Војводина (АКВ) ја одби понудата на Министерството за правда и нејзините членови ќе го продолжат прекинот на работата. Адвокатите од Војводина во правнички манир му одговараат на Министерството за правда: „На документот немате ни печат, ни потпис“.

„Минатиот четврток, Министерството за правда  понуди своја верзија за решение на оваа ситуација. Управниот одбор на АКВ одлучи дека понудата не е прифатлива, првенствено затоа што на документот кој е понуден, не постои ниту меморандум, ниту печат, ниту потпис на некој од Министерството за правда. Од друга страна пак, предлогот на Министерството за правда ни содржински не одговара на она што го бараат адвокатите“, изјави Дејан Укропина, секретар на Одборот на Адвокатската Комора на Војводина.

Тој рече дека Министерството предлага  делумни и несуштински промени на Законот  на нотарите и Законот за промет на недвижности, а „други закони не се ни споменуваат“.

„Не може да се менуваат само овие два закони, тоа е поширок круг на закони како на пример законските решенија за парничната постапка, заверките, јавните набавки, Јавното правобранителство и други“, нагласи Укропина.

Како што е познато, српските адвокати се против повеќекратното оданочување на нивната дејност и бараат од Министерството за финансии да ги стави вон сила новите решенија, а кои се однесуваат на адвокатурата и плаќањето на новите финансиски обврски, но исто така бараат и измени на законите за нотаријатот и вонпарнична постапка.

Покрај новите оданочувања, причина за протестот е и донесувањето на разни прописи со кои се одземаат надлежностите на адвокатите и им се доверуваат на нотарите и медијаторите.

Адвокатите се револтирани и од самиот начин на утврдување на новите давачки кои според нив, се засновани на „нејасни и неодредени критериуми“, а реформите во правосудството ги оценуваат како тенденциозни, дискриминирачки и неуспешни, за што и бараат оставка од министерот за правда, Никола Селаковиќ.

Минатата недела, неколку илјади адвокати се собраа пред зградата на Владата на Србија, протестирајќи и барајќи да им се исполнат барањата. По парализата на правосудниот систем, тие го парализираа и сообраќајот во овој дел од градот.

„Сакаме да и порачаме на Владата и Министерството за правда дека адвокатите на работат скришно дека не сме во судниците, туку на улица, незадоволни владините законски решенија. Нашиот протест продолжува“, упатија порака солидарните адвокати.

М.В