/ Прочитано:

1.107

АДВОКАТСКИ РОКОВНИЦИ ЗА 2015 ГОДИНА

Петок, 30 јануари 2015 – Оваа година адвокатите кои се регистрирани за вршење на адвокатската дејност во Скопје, роковниците треба да ги подигнат од просториите на Адвокатската комора на Република Македонија или од просторијата на АКРМ во Апелационен суд Скопје.

„Во тек е подигнување на Адвокатските роковници за 2015 година. Заради избегнување на проблемите со доставата на адвокатските роковници, оваа година адвокатите кои се регистрирани за вршење на адвокатската дејност во Скопје, роковниците треба да ги подигнат од просториите на Адвокатската комора на Република Македонија или од просторијата на АКРМ во Апелационен суд Скопје. Колегите кои адвокатската дејност ја вршат во другите градови, роковниците можат да ги подигнат од адвокатските канцеларии на претседателите на односната Адвокатска заедница“, известуваат од Адвокатската комора на Република Македонија.