/ Прочитано:

863

АДВОКАТСКИ СПОРТСКИ ИГРИ: Пријавете се до 1 октомври

Вторник, 9 септември 2014 – На 11 и 12 октомври, во хотелот Дрим во Струга ќе се одржат Адвокатските спортски игри на ниво на Република Македонија.

„Да продолжиме во духот на спортската култура и да ги одржиме деветтите по ред Адвокатски спортски игри, со екипни натпревари во дисциплините фудбал, кошарка, куглање, шах, пинг-понг, влечење јаже и други“, истакнуваат од АКРМ.

Предвидено е започнување со спортскиот дел во сабота (11 октомври) во 12,00 часот.

„Сите заинтересирани учесници да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија најдоцна до 01 Октомври 2014 година, на е-маил. lawyermk@mba.org.mk или на телефон 02 / 3165 409 и 02 / 3212 452“, известуваат од Комората.

Адвокатските спортски игри за прв пат беа одржани во 2006 година, и оттогаш се традиција на Адвокатската комора на РМ.