/ Прочитано:

3.262

(ГАЛЕРИЈА) ДЕНОВИ НА ИНСПИРАЦИЈА, НОВА ПРАВНА МИСЛА И СОВРШЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА: Импресии од АКАДЕМИК Конференцијата за управување со правни ризици, Скопје, 2014

Академик Конференциите внесуваат нови стандарди во домашното, но и светското право, правејќи значаен едукативен исчекор во етаблирaњето на правните ризици како современ тренд, адвокатска практика и деловна филозофија. Ваквиот факт АКАДЕМИК ја поставува како интернационална компанија која е наjдоблесно посветена на развојот на методологијата, алатките и најдобрите практики во управувањето со правни ризици во светот. Тоа го потврди и Третата Академик Конференција за управување со правни ризици која се одржа на 21 и 22 октомври во Александар Палас во Скопје.

И токму со таа мисија на концентрирање на светската правна мисла на едно место, Конференциите на Академик претставуваат единствена можност да се  компарираат, анализираат и соочат светските искуства во областа на правните ризици чија основна цел е подигнување на свеста за правните ризици, примената на управувањето со правните ризици во функција на организираниот правен систем и општество и секако, исполнувањето на правните вредности и начела на домашен, регионален и глобален план како што се ефикасноста, економичноста и правната сигурност. Следејќи ги тие премиси, АКАДЕМИК храбро, посветено, професионално и со многу ентузијазам работи на зацврстување на концептот на управувањето со правните ризици, искрено верувајќи дека целата своја креативност и енергија ја вложува долгорочно кон исполнување на својата поставена агенда – Современ, стабилен, практично ориентиран и меѓународно апликатибилен правен систем.

Препознавајќи го значењето на Академик Конференциите, одлични и неповторливи се импресиите за Конференцијата на учесниците и светски реномираните предавачи кои одржаа фасцинантни презентации пред бројниот аудиториум од над 350 учесници, составен од високи политички претставници од областа на правдата, домашната, регионалната и светската адвокатура и правосудство, видни членови на домашна и регионална академска заедница, претставници на студентската средина, преставници на бизнис заедницата и менаџментот, публицистиката и почитувачите на правната мисла.

Како продолжение на Првата и на Втората Академик Конференција за управување со правни ризици, со својот квалитет на организација, предавачи кои значат синоними за современото право, пристапот на презентациите до учесниците и интересот кои ги предизвикуваат темите, сосема оправдано на Академик Конференциите им го даваат брендот и имиџот на водечки фактор во промоцијата на управувањето со правните ризици или како што ги нарекуваат во современите истражувања – право на иднината.

Оттука, Академик Конфренциите се вградуваат во македонската и светската правна реалност и меморија како инспиративен простор преку кој се етаблира она што се нарекува иднина на правото. Впрочем, затоа и толку овие Конференции се доживуваат како моменти на инспирација кои предизвикуваат голем интерес како за солидните познавачи на современата правна мисла, наука и практика, така и за оние кои сакаат да бидат дел од искуство кое е огромен бенефит за стекнување на нови знаења, нови деловни хоризонти, професионални контакти и единствена можност за нова блескава содржина во своето портфолио.

Конференцијата започна со поздравен говор на познатиот македонски адвокат Георги Димитров, кој, како што го нарекоа неговите колеги, е вонсерискиот адвокат чија визија за менаџирањето на правните ризици повторно Македонија ја вброи во редот на земји од каде светската правна мисла ќе рефлектира нови вредности за правото и космополитските аспекти на правно-деловната култура.

Конференцијата започна со поздравен говор на еминентниот македонски адвокат Георги Димитров, чија визија за правото се претвори од идеја во традиција

Димитров го нагласи значењето на ваквото вмрежување на правниците од регионот кои ја имаат исклучителната можност да ги слушнат најеминентните имиња на современата адвокатура, експертиза и професура, бидејќи, како што подвлече реномираниот адвокат, трендот на иднината подразбира поширок интернационален контекст на сфаќањето и применувањето на менаџментот на правните ризици.

Во таа насока, Димитров посочи дека системот за управување со правните ризици денес подразбира и добро организирана држава, што секако се одразува врз целокупниот имиџ на државата, нејзиното правосудство, адвокатурата и бизнис заедницата.

„Следната Конференција ќе ја организираме во Истанбул и ќе продолжиме со она што е главната цел и мисија на Академик Конференциите“, истакна Димитров, навестуваjќи го, на огромен поздрав од публиката, следниот меѓународен чекор и афирмација на конференциите за управување со правни ризици.

По воведниот говор на Димитров, своја презентација имаше Метју Вајли, врвниот британски експерт за правни ризици, кој пристигна од престолнината на правните ризици – Лондон.

Matthew Whalley во Berwin Leighton Paisner е задолжен за правните ризици и групата за трансформација, помагајќи им на клиентите да ги идентификуваат и ублажат правните ризици, а известува и за вредностите пред нивните одбори и ги имплементира стратешките програми за транформација

 

Метју Вајли од реномираната британска фирма „Berwin Leighton Paisner“, говореше за петте столба на управување со правни ризици на системски начин, притоа истакнувајќи го неговиот пробив на британската адвокатска сцена и како полека, но сигурно, го започнал менаџментот на правните ризици.

Свеста на компаниите за правните ризици, петте чекори за прогрес, имплементацијата на правните ризици, прецизните нормативно-деловни варијабли, утврдувањето на приоритетите и начините за пософистициран третман на правните ризици беа сегментите кон кои се задржа Вајли, притоа потенцирајќи дека и самите регулaтиви имаат иманентна функција во таа насока.

 „Да се предвидат регулативите во иднина – тоа е еден од врвните приоритети и значења на правните ризици“, подвлече британскиот експерт.

Patrick Vézina е државен секретар и директор на Секторот за управување со правни ризици во Министерството за правда на Канада. Врвен стручњак за управување, мониторирање и предвидување на правните ризици во државните институции

Кон неговото излагање, особено во делот на значајноста на регулативата, одлично се вклопи многу интересното предавање на државниот секретар во Mинистерството за правда на Канада, Патрик Везина, човекот кој е најзаслужен правните ризици да добијат институционален облик, факт што неговата земја ја прави првата земја со институционално прифатен и апликативен систем на правните ризици, како структурален дел од канадското Министерство за правда.

Везина се осврна на концептот на правните ризици во Министерството, притоа елаборирајќи ги зачетоците на неговата идеја и работа, и како протагонистички ги реализирал своите идеи кои денес претставуваат правна канадска реалност која е именител на она што значи огромна сервисна ориентираност на министерството кон субјектите на пазарот и правно-деловниот сообраќај.

Предавањето на Везина се фокусираше кон експликација на системот на правните ризици, институционалните софтверски компоненти, важноста на терминологијата, свеста на компаниите и значењето од интернационализацијата на темата и нејзиниот валоративен општествен импакт.

„Драго ми е што сум дел од ваков собир и што разговараме со експерти од целиот свет. Не сум имал вакви корисни разговори веќе подолго време. Дијалогот е фундаментален за правните ризици“, нагласи државниот секретар во канадското Министерство за правда.

На големо задоволство на учесниците, реномираниот адвокат и легендата на балканската адвокатура – адвокатот Тома Фила, зборуваше за специфичностите на постапките пред специјалните судови, но на нему препознатлив стил, се осврна преку фантастичен сатиричен колаж и на правосудните балкански состојби.

Фила не пропушти да упати и забелешки за Хашкиот трибунал бидејќи за него судот најмалку е персонификација на правото и заради таквиот „судски феномен“  е интересен за елаборација.

Хашкиот трибунал е сè освен суд, рече Фила, последователно, анализирајќи ги новитетите во кривичното процесно право и поставеноста на адвокатите во самата кривична постапка, парадоксите со вкрстените испрашувања, „нееднаквоста на оружјето“ во постапката, притисоците врз судството од политичките центри и извршната власт, како и штрајкот, односно протестот на српските адвокати.

„Се носат закони кои се противуставни, јасна е улогата на адвокатите според Уставот, но министерот за правда очигледно нема разбирање. Се прават притисоци“, истакна легендарниот Фила.

Познатиот адвокат дополни дека не само адвокатите туку и судиите се тие кои сами треба да ја водат својата борба, затоа што тие самите треба да си се избираат без вклучување на другите власти во „улогата“ на судството.

Искусниот адвокат, како заклучок кон својата дискусија, акцентираше дека секогаш во правото, а особено во кривичната постапка треба да се внимава на политичките ризици бидејќи тоа е во непосредна врска со независноста на судството, но и со стабилноста на адвокатурата како уставна категорија.

Адвокат Тома Фила, Адвокатска канцеларија Тома Фила, Белград Србија. Еден од најпознатите балкански кривичари и прв адвокат од Србија ангажиран од Хашкиот трибунал

Конференциите на Академик не би го носеле епитетот на иновативни, доколку на нив не се слушнат и иновативните аспекти на управувањето со правните ризици, особено од организациско-технолошката поставеност на правните ризици во деловните ентитети. Оперативниот директор на ОNE Теlekom Slovenia Group, д-р Звонко Кремљак, зборуваше за донесување одлуки во ризично опкружување, чиј дел од докторски труд е цитиран во повеќе од 400 стручни трудови во светот.

Звонко Кремљак, член на Надзорниот одбор на операторот ONE, Telecom Slovenia Group и оперативен директор. Автор на докторски труд цитиран во повеќе од 400 правни трудови во светот

И токму низ таква научна и теоретска операционализација на прашањето беше поставено неговото излагање, атипично, но екстремно корисно и прогресивно. Кремљак говореше за менаџментот и ризикот, теоријата на правните ризици, планирањето, оценувањето совладувањето и промените, анализирајќи ги притоа правните ризици низ хеуристичкиот модел за менаџирање на правните ризици.

Карактеристично за овој еминентен стручњак е што тој кон правните ризици го внесува логичко-математичкиот метод на експликацијата, базирана на формулации од математичка провиниенција, што укажува на прогресот на управувањето со правните ризици како дисциплина, која веќе, како што тоа се нарекува во постмодернистичките теории за правото, го прифаќа економско-математичкиот модел на пристап и анализа.

„Сепак, најпрво е потребно ризикот да се препознае, па потоа доаѓаат следните фази“, советуваше Кремљак, чие предавање беше поткрепено со презентацијата на Цирил Кафол, генерален извршен директор на телекомуникацискиот оператор Оне. кој ја објасни структурално-софтверската структура на методологијата за управувањето со правните ризици, изразена преку деловната мобилност, искуство и сервисност на компанијата.

Цирил Кафол, генерален извршен директор на телекомуникацискиот оператор ONE

Кафол во својата презентација ја објасни структурално-софтверската методологијата за управувањето со правните ризици, изразена преку деловната мобилност, искуство и сервисност на компанијата.

Видео презентација на америкаските адвокатки Сандра Робертс и Селиа Бернал. Робертс е извршен директор и основач на „Sandra Robertst Consulting“, а Бернал советува и застапува клиенти од различни индустрии за различни правни прашања

Сандра Робертс и Селиа Бернал, успешните адвокатки од САД и истакнати стручњаци за управување со правни ризици, имаа видео презентација за конфликтот на интереси.

Познатите адвокатки кои важат за врвни американски и меѓународни експерти за управување со правни ризици, се осврнаа на важноста од консултирањето на експерти од оваа проблематика, категоризацијата на тематиката во интерделовните односи, превенцијата од ризиците, имплементацијата на софтверските решенија, како и трудово-правните компоненти на односите во самите компании, кои се еден од елементите на управувањето со правните ризици.

„Доверливоста, исто така, е многу важна во управувањето со правните ризици и компаниите секогаш треба да обрнуваат должно внимание кон тоа“, посочија еминентните адвокатки.

Д-р Димитар Гелев, универзитетски професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“

Првиот ден од Конференцијата финишираше со извонредното предавање на универзитетскиот професор д-р Димитар Гелев, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, кој говореше  за договорите за партнерство во Македонија, односно за персоналните друштва во Република Македонија.

Фасцинантното излагање на професорот приопшти една фактографска анализа на домашното законодавство од трговскоправната проблематика, компарирана со примери од Англија и Германија, европската и светската практика и легислатива.

За професорот е проблематично тоа што во земјава, компарирано со европските показатели и пракса, многу е мала процентуалната застапеност на персоналните друштва, но тоа, како што потенцираше професорот, се должи на „несреденоста на прописите“, и тоа генерира демотивираност во креирање на такви друштва, што самото по себе го повлекува, но и го објаснува правниот ризик во овој дел.

Професорот Гелев укажа и предупреди на недоследностите во македонското законодавството, неусогласеноста на прописите од трговско и облигационо-правната материја и децидно подвлече дека тоа доведува до руинирање на целиот систем на Законот за трговски друштва, што пак се коси со современата реалност во пошироки европски рамки.

 „Некои работи кај нас се прават обратно. Таков е примерот и со персоналните друштва. Сметам дека сето тоа се должи на празнините во регулативата“, резимираше професорот, чие предавање го заокружи првиот ден од Академик Конференцијата за правни ризици.

На почетокот од вториот ден на Академик Конференцијата за управување со правни ризици, Mагнус Стин, поранешниот главен правник на Сони во Шведска, говореше за структурата на  договорите и нивното значење во поглед на правните ризици.

Магнус Стин е адвокат кој што има екстензивно меѓународно правно и бизнис искуство, а денес како генерален менаџер на компанија Contract Business Intelligence Nordic AB е фокусиран на градење на рационални и квалитетни решенија на договори за корпоративни клиенти

Ценетиот експерт на прецизен начин се осврна на прашањето за управувањето со квалитетот, вредноста, адекватноста и ефикасноста на договорите со користење на алатки за управување со правни ризици.

Познатиот експерт, како лидер во покренувањето на неколку иницијативи за менаџмент на договори и управување со правни ризици, се осврна на практичните компоненти на структурирањето на договорите, повикувајќи се и на своето искуство во менаџирањето на правното работење и сите правни аспекти на планирањето и развојот на продуктите – од изворите за производство, развој на производи, компоненти, услуги до лиценцирање.

Vanessa Alarcon Duvanel e адвокат во канцеларијата на Winston & Strawn во Женева, каде што работи во полето на меѓународни арбитражи, парнични спорови, деловно швајцарско и работно право. Покрај тоа, Ванеса работи како советник на големи компании и суверени држави

Извонредната адвокатката чија што специјалност се меѓународните арбитражи и деловно право, Ванеса Аларкон од женевската канцеларија на Winston & Strawn, имаше презентација за управување со ризиците во договорите за франшиза.

Познатата адвокатка се фокусираше кон системот на франшиза, трговските марки, плаќањата, доверливоста и нивната поврзаност со правните ризици, посочувајќи го и ризикот на репутацијата кој во современото право, како што подвлече, е ризик кој е од иманентно значење за деловните субјекти и модерни компании.

Таа своето излагање го искажа низ презентација на компаративни примери и од правната и судската пракса, притоa акцентирајќи ја важноста на избегнувањето на судските постапки како многу битен дел во феноменологијата на правните ризици.

„Да се прочита добро, да се побара правен совет, да се квалифицираат точките кои генерираат правен ризик, се суштинските и почетните компоненти“, посочи позната адвокатка Аларкон, жена која важи за еден од подобрите светски познавачи на арбитражното и деловното право.

Главната акционерка на Prva Group од Словенија, Аленка Жнидаршиќ Крањц, говореше за пазарите на пензиските фондови во регионот, осврнувајќи се и на нејзината улога и искуства во доменот на пензиските фондови.

Аленка Крањц е извршен директор на „Прива осебна заворавалница“ А.Д, претседател на Управен одбор на „Скупина Прва, заваровалниски холдинг“ А.Д. и претседател на Надзорен одбор на „Деос“ А.Д. Во словенечкиот деловен круг важи за најуспешна жена, менаџер и претприемач

Крањц како еден од најистакнатите стручњаци во Европа за оваа област, имаше мошне интересна дискусија која одеше во насока на анализа на правните ризици со кои се соочуваат компаниите во однос на законодавството, односно на генерирањето на конфликтност помеѓу деловниот амбиент и честата промена на законите, појава која, како што подвлече, нема издржана правна, ниту економска логика. Во таа насока посебно го посочи, како што рече, проблемот со Македонија, каде има пречеста промена на легислативата која носи неповолности и проблем во оперативното и деловното функционирање.

 „Генерално, пречестата промена на законите, секогаш доведува до проблеми во работата бидејќи не обезбедува сигурност“, подвлече Крањц која своето предавање го структуираше и низ анализа на состојбите на балканскиот деловен амбиент, со поглед кон Србија, Романија, Македонија, Косово.

Tobias Mahler e доктор по правни науки, вонреден професор на Правниот факултет во Осло, King’s College во Лондон и Queen Mary College, Универзитетот во Стокхолм и визитинг професор на Stanford Law School

 Универзитетскиот професор и еден од најпрестижните светски експерти за правни ризици, д-р Тобијас Малер од Правниот факултет во Осло, приопшти мошне интересна презентација за управувањето и визуелизацијата на договорните ризици.

Професорот низ своето излагање се концентрираше на идентификацијата, анализата, евалуацијата и третманот на правните ризици, посочувајќи и анализирајќи ја категоризацијата на високиот и низок ризик. Ефектите, правните норми, значањето на детално утврдените параметри на правниот ризик, разликата од сознанијата на фактите кои сугерираат правен ризик, како и правната сигурност беа сегментите кои беа предмет на елаборација на експертот Mahler.

На голем интерес на присутните, професорот низ корисни визуелни екпспликации  и илустрации го објасни концептот на правните ризици, притоа користејќи и примери од праксата кои може да се појават, а се од технолошката сфера.

Marco Lorefice е адвокат во една од најстарите енергетски компании во Европа – италијанската Edison Spa и има речиси 25-годишно искуство во управувањето со комплексни правни прашања на големи претпријатија, покривајќи повеќе правни области: од комерцијални советувања до судски спорови

Еминентниот италијански правник и директор на правниот сектор во италијанскиот енергетски гигант Edison Spa, Maрко Лорефичи, зборуваше за успешната арбитражна постапка која ја промени светската пракса за одредување на цената на природниот гас.

Италијанскиот правник во својот елаборативен говор на методичен начин ги објасни пазарните фактори во одредувањето на цената на гасот, контрактуелните контексти и правните ризици поврзани со ликвидноста и неликвидноста на пазарите, јазикот во договорите како индикатор, како и аспектите  на арбитражната постапка, која, како што илустрираше правникот, понекогаш подразбира како да „влегувате во казино, каде се добива или губи“.

Тој го резимираше своето излагање со совети кон правниците во однос на склучувањето на на договорите како потребата од избегнување од користењето на потенцијални аргументи кои не се докажани и употребувањето на работи кои може да се употребат против интересите на компанијата.

Дастид Паласка е управувачки партнер во косовското Адвокатско друштво Паласка и Адвокати, чија што потесна специјалност е поврзана со банкарство и финансии, спојувања и преземања и финансирање на проекти. Со правно образование се стекнал на престижниот американски „Yale Law School“

Последен говорник на Конференцијата беше извонредниот косовски адвокат Дастид Паласка, кој важи за надобар корпоративен адвокат во Косово. Паласка во својата тема на дискусија ги анализираше правните и политичките ризици во смисла на уставната поставеност на косовскиот Уставен суд,  објаснувајќи ја косовската политичка состојба од правна гледна точка.

Паласка покрај тоа што е корпоративен адвокат, своето импресивно образование го има стекнато во САД каде ја студирал и уставноправната материја, нешто што подоцна, како што рече, ќе му „обезбеди повик да ја среди работата со Уставниот суд“. Адвокатот го анализираше косовскиот Устав, изборот на Пацоли за претседател и неговото „уставносудско повлекување“, но се произнесе и со пошироко правно објаснување на уставната материја и уставно-судската област.

„Уставот се создава за граѓаните и тој не е интепресонален акт. Јас водев своја битка за некои недоследности, но тешко е да аргументираш со мнозинството. На крајот предложив уставните измени да се пишуваат во комичен стрип“, резимираше духовито адвокатот, чие интересно и духовито отсликување на косовската правно-политичка ситуација, одлично го заокружи серијалот на предавања на Конференцијата кои беа поздравени со огромен аплауз од учесниците и апел за што поскоро да бидат дел од место каде ќе можат да ги слушнат најзначајните правнички имиња на денешницата.

Георги Димитров: „Добро организиран систем за управување со правни ризици подразбира добро организирано општество“

Адвокатот Георги Димитров, чија иновативна визија е благодарна за овие исклучителни конференции, кои спаѓаат во редот на најзначајни меѓународни правни настани во Македонија, со завршен говор и резиме за Конференцијата се обрати до присутниот аудиториум и реномираните предавачи, искажувајќи благодарност дека сите заедно се учесници во настан кој значи многу за современото и модерното право и чија функција е да ги сплоти почитувачите и чинителите на правната мисла во континуитет,  кој не само што ќе биде инкорпориран како тренд во професијата, туку ќе биде и пледоаје за иднината на правото.

Тој искажа благодарност за огромниот интерес за Конференцијата, и, како што најави на првиот конференциски ден, Академик Конференцијата веќе в пролет, ќе ја продолжи својата мисија во босфорскиот културолошки спој  – Истанбул.

Впрочем, импресиите од Академик Конференцијата најдобро може да се пренесат од самите учесници кои не го криеја своето задоволство и одлични впечатоци од, како што го нарекоа, „Најдобриот настан за правото во Македонија“.

Предавачите и учесниците честитаат за организацијата и говорат со незаборавни импресии за Конференцијата

 

„Тоа што го прави Академик е извонредно!“ – Метју Вајли

„Тоа што го прави АКАДЕМИК, да ги собере на едно место водечките експерти за правен ризик во светот, а нема многу такви, е извонредно. Често работиме изолирани едни од други. Всушност, за нас практичарите со правен ризик е неверојатно корисно да се собереме и да зборуваме за тоа што го работиме и да ги споредуваме нашите пристапи, со можност да се навлезе во детали што функционира кај еден, а што кај другите и е многу повеќе ефикасно. Ова е дотолку повеќе корисно и за луѓето од Македонија, Бугарија, Истанбул за да разберат тоа што го работиме и добрите практики. Помага да се слушне за правниот ризик во светот со порака дека ризикот воопшто може да биде менаџиран“ – Метју Вајли.

„Многу сум импресиониран“ – Патрик Везина

„Многу сум импресиониран од квалитетот на предавачите на „Legal risk management Skopje 2014“. За мене, особено е интересно да видам како се развива оваа област во други земји и сум изненаден што се користат многу методи од Канада. На Конференцијата организирана од АКАДЕМИК, можеа да се слушнат врвни експерти во оваа област и би ја препорачал на сите кои се заинтересирани за начинот на кои се управува со правните ризици во повеќе области“ – Патрик Везина.

„Многу важна тема, препорака за сите правници и бизнисмени“ – Тома Фила

„Темата „Управување со правен ризик“ е многу важна, ама во иднина би им препорачал на менаџерите и на сопствениците на фирмите да присуствуваат во поголем број, покрај правниците, адвокатите и судиите. На пример, предавањето за франшиза кое имавме можност да го слушнеме, би требало секој сопственик на хотел да го слушне“ – Тома Фила.

„Фантастично е да се биде тука, одлична организација“ – Магнус Стин

„Фантастично е да се биде тука, одлична организација, многу гостопримливи луѓе, воодушевен сум од Конференцијата. Темата управување со правни ризици е многу важна, станува збор за тема на која многу се говори во западниот свет и за која е добро што почнува да се говори и во Македонија. Морам да истакнам дека слушнав многу добри предавања“ – Магнус Стин.

„Импресионирана сум од учесниците, предавачите, технологијата“ – Ванеса Аларкон

„Многу сум импресионирана од бројот на луѓето, квалитетот на предавачите и технологијата. Изгледа одлично, вакви конференции нема во Швајцарија. Навистина уживав на Конференцијата и со мојот престој во Македонија“ – Ванеса Аларкон.

„Пријатно сум изненадена“ – Аленка Жнидаршиќ Крањц

“Морам да признаам дека сум изненадена. Навистина убаво организирана Конференција, со предавачи кои доаѓаат од развиени сфери, образование, земји и компании. Убаво е да се слушнат нивните предавања и тоа не е важно само за Македонија, туку и за светот“ – Аленка Жнидаршиќ Крањц

„Фасцинантен настан, не сум видел ваква друга Конференција“ -Тобијас Малер

„Мислам дека е многу фасцинантен настан. Немам видено други големи конференции за управување со правен ризик. Како што можам да видам, вие сте едни од најраните прилагодувачи на интернационални трендови и навистина е фасцинантно што започнува тука во Скопје. Мислам дека е многу добар избор да се започне ваква конференција и сум многу благодарен за можноста да дојдам тука. Навистина мислам дека многу други компании како АКАДЕМИК треба да развијат нешто во насока на управувањето со правните ризици затоа што е идна можност за правни услуги“ –Тобијас Малер.

„Фантастична Конференција, правните ризици се сè во животот“ – Марко Лорефиче

„Сметам дека Конференцијата е фантастична. Предавачите се експерти во својата област и доаѓаат од различни земји, па оттука ова претставува одлична можност да се слушнат многу корисни искуства. Менаџирањето на правните ризици е сè  во животот!“ –  Марко Лорефиче.

„Стандардите се надминати“ – Дастид Паласка

„Втора година по ред присуствувам на Конференцијата за управување со правни ризици во организација на АКАДЕМИК, оваа година како предавач. Минатата година мислев дека тоа најдобрата и најинтересната конференција на која сум присуствувал, годинава можам да констатирам дека всушност стандардите се надминати. Различниот профил на говорниците ја збогатува сликата уште повеќе. Темата „Управување со правни ризици“ е многу неистражена во овој регион и навистина треба да се работи на ова поле. Многу е важно ова што го прави АКАДЕМИК: за почеток да почне да се зборува за правните ризици“, – Дастид Паласка.

„Конференцијата е одлична. Лани поставивте високо ниво, оваа година го одржавте и потврдивте. Интересни учесници, интересни теми – сè  на сè – одлично!“ – Димитар Георгиевски, директор на Правна служба во Шпаркасе банка.

„За жал првиот ден не можев да присуствувам, но колегите ми пренесоа дека било одлично. Интересно е што можеме да се сретнеме на едно место правници, но и припадници на други фели од различни земји, да се запознаеме, па и да оствариме различни контакти за некои идни конференции“– Елена Димова, адвокат во „Чакмакова Адвокати“.

„И лани бев и лани Конференцијата беше одлична. АКАДЕМИК на еден начин се надминува себе. Презадоволни сме, а понатаму и праксата ќе покаже“ – Силфана Ончева, даночен инспектор во Општина Велес.

„Интересни спикери и искуства. „Risk management“ e нова област која станува многу значајна за организациите, за компаниите. Добро е да се слушне  до каде се поразвиените земји во овој поглед. Во однос на излагањето на г-динот Фила, сакам да кажам дека е добро да се слушне – како една ваква легенда размислува и какви се неговите размисли во однос на Законот за кривична постапка, како и специјалните судови. Мене лично многу ме интересира темата за конфликт на интереси бидејќи јас работам во менаџмент со човечки ресурси, каде има ситуации кога треба да се утврди дали има конфликт на интерс. Во секој случај, Вашата конференција можам да ја квалификувам за еден од најпрестижните настани од аспект на откривање на правната проблематика во земјата. Ви посакувам успех и понатаму“ – Христина Лозаноска, раководител на Одделот за човечки ресурси во НБРМ и претседател на македонската Асоцијација за човечки ресурси.

„Сметам дека Конференцијата е одлична и претставува успешно продолжение на претходните две, надградено продолжение со многу новини. Конференцијата дава една одлична слика како ризиците можат да се третираат од повеќе аспекти“ – Александар Ицковски, раководител на Правно одделение во ОНЕ.

„Одлична организација, презадоволна сум од Конференцијата. Минатогодишната беше одлична, оваа година искуството е уште подобро. Ви посакувам многу успех и се надевам дека следната година ќе имате уште поуспешна Конференнција“ – Емилија Панчевска, адвокатска канцеларија „Панчевски“.

„Сметам дека конференцијата е одлична. Вакви конференции треба што почесто да се организираат во Македонија. Особено беше интересен делот на државниот секретар на Министерството за правда, Патрик Везина, кој се осврна на улогата која треба да ја има Министерството за правда наспроти државата и предметите кои се против државата. Особено интересно излагање имаше и г-динот Фила во делот на новиот Закон за кривична постапка и примената на истиот во Србија“ – Костадин Богданов, владин агент од Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП.

„Убаво е да се слушнат искуства од колеги од повеќе земји. Ептен ми се допадна Конференцијата!“  – Јасна Цветковска-Велковска, виш специјалист за корпоративно право во Македонски Телеком АД Скопје.

„Идејата е прекрасна. Првпат учествувам на оваа конференција, предавачите се врвни и навистина може многу да се научи“ – Ненад Георгиев, стручен соработник во извршителска канцеларија Саветка Георгиева.

„Многу сум задоволна од содржината на конференцијата, особено првите две излагања. Нешто што, не само што е интересно, туку и некој вид на предизвик. Во првото излагање на г-динот Метју Вајли можеше многу елементи да се препознаат од нашиот Закон за облигациони односи и убаво би било од таа страна тоа да се разработи. Во однос на второто излагање, на генералниот секретар од Министерството за правда, г-динот Везина, мислам дека нашето Министерство за правда треба сериозно да се заложи во оваа насока“ – Маргарита Цаца Николовска, судија на Уставниот суд на Босна и Херцеговина и поранeшен судија на Европскиот суд за човекови права.

„Одлично искуство, малку поинаква практика од она што во Македонија го гледаме и слушаме“ – Благородна Мирчевска, Compliance officer во  НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

„Посебно ми беа интересни странските предавачи, од аспект на тоа што можевме да слушнеме искуства од надвор во поглед на управувањето со правни ризици и на една матрица како би можело тоа да се работи. Факт е дека кај нас многу малку се обрнува внимание  на оваа тема, а правните ризици се присутни во секојдневното работење и многу е тешко да се измерат соодветно. Сметам дека треба да се разработат соодветни методологии и се разбира тоа нас посебно би ни’ користело при рабоотењето. Еве на пример во банкарското работење, во Compliance секогаш кога се носат одлуките треба на некој начин да се измери правниот ризик, не да кажеш само може или не може, туку да го измериш некако“ – Ирена Бачановиќ-Каракашев, Compliance officer во  НЛБ Тутунска банка АД Скопје.

„Конференцијата ги исполни моите очекувања, особено во делот на нетворкинг. Значи многу интересни луѓе едно место, многу соработници и колеги на едно место, практично, позитивно и нешто многу различно од сè досега“ – Весна Димитрова,  раководител на Служба за кадровски и општи работи во Триглав осигурување.

„Имам и претходно искуство од минатата Конференција на АКАДЕМИК што се одржуваше во Скопје и прилично ми е блиска темата со оглед дека работам во Народна банка во супервизија и управување со правен ризик ми е во примарен фокус. Можам да истакнам дека доста се разнолики  темите на кои се говореше, внесуваат возбуда, добар е преминот од високоразвиени на наши блиски системи… Можам да констатирам дека имаме заеднички точки и со високоразвиените системи ако се земе предвид конкретно  нашата методологија за работа и процедурите по кои се раководиме и не би било неблагодарно да речам дека истите се усогласени со оние на светско ниво од типот на базелски стандарди и сл. Секако, ова искуство освежува, имаме прилика и за добро умрежување на колеги од различни бранши, еве ние конкретно со деловните банки, факултетски колеги, колеги од правосуден сектор“ – Александра Османли-Тулдевска, супервизор во Народна Банка на РМ.

„Не се ни сомневав дека Конференцијата ќе помине во најдобар ред и можам да кажам дека уште подобро е организирана од минатогодишната. Честитки до организацијата. Ја следев и конференцијата во Белград, значи ова е трета конференција на АКАДЕМИК, трета и на која јас присуствувам. Можам да констатирам дека АКАДЕМИК оди чекор понатаму во поголеми походи, и во очекување сум на уште поголема Конференција“ – Димитар Панчевски, адвокат од Скопје.

„Како и лани, и годинава сум ептен задоволен од Конференцијата, всушност минатогодишната конференција ме мотивираше да дојдам и на оваа. Ми се допаѓа разноликоста на предавачите од секоја област и тема. И понатаму ќе доаѓам!“ – Рено Рисковски, правник во Цементарница Титан Усје А.Д.

„Бев и минатата година на АКАДЕМИК Конференција и сега. Организацијата е одлична, темата е јасна. Прекрасно е сè“ – Никола Кацарски, претседател на Надзорен одбор на Гранит.

„За мене, како претставник од државна администрација, покорисен беше вчерашниот ден, односно ризиците во државна администрација презентирани од генералниот секретар во Министертвото за Правда, г-динот Патрик Везина. Многу беше интересно и предавањето на Тома Фила кој има многу искуство. Задоволна сум од Конференцијата и се надевам дека ќе продложи традицијата, убаво е кога се среќаваме на едно место“ – Фани Коровешовска, раководител на Одделение за правни анализи и истражувања во Парламентарен иннститут – Собрание на РМ.

„Темата е одлична. Доколку би можела да се спроведе во Република Македонија би било тоа добро. Секако, добра основа за понатаму“ Марија Шекеровска, раководител на Сектор за правни работи во Гранит.

„Презадоволна сум од Конференцијата. Сите ние од Стопанска банка сме презадоволни, и од предавачите и од организацијата“  – Валентина Ангелковска, директор на Правен сектор во Стопанска банка.

„Можеа да се слушнат многу нови аспекти во однос на правните ризици и како истите се поставени на меѓународно ниво. Некои предавања беа во директен интерес за мене, бидејќи сум во корпоративното право, некои предавања се новитети и за мене и можат да ми послужат во иднина. Се надевам дека ќе биде слично, па дури и поинтересно во Истанбул. Треба само да се движиме кон глобалните трендови, а не кон трендовите и дневно-политичките случувања во Македонија“ – Ана Станојевска, Раководител  на Секторот за правни работи во „Сивус Груп“.

„Презадоволна сум од Конференцијата, а тоа и го очекував. Не ми е прва конференција организирана од страна на АКАДЕМИК на која присуствувам. Презадоволна сум од организацијата и од гостите“ – Жиковска Елида, раководител на Сектор за правни работи во Македонија пат.

„Сигурен сум дека Конференцијата преставува едно големо искуство за сите учесници, нова пракса со која се здобиваме… Тука повеќето сме адвокати и добро е да се слушнат искуствата од другите земји.  Ми беше задоволство да присуствувам двата дена“ – Неџат Даутиуправувачки партнер во адвокатско друштво „Даути и Симјановски“.

„Конференцијата е одлична и морам да истакнам дека делува доста мотивационо на нас како студенти“ – Зорица Наумовска, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“.

„Првпат учествувам на оваа Конференција и задоволна сум. Ми се допаднаа излагањата на предавачите. Ми се допаднаа особено излагањата на говорниците од Англија и од Канада. Првото особено, бидејќи беше поврзано и со бизнис делот. Тоа иако не е поврзано со мојата тековна работа, дава еден поинаков осврт кој може да се примени“ – Катерина Митевска, супервизор во Народна Банка на РМ.

„Многу сум задоволна. Конференцијата ги исполни моите очекувања и дури ги надмина. Минатата година, конференцијата беше одлична, сметам дека оваа година е уште  подобра. Наредната година се надевам на уште поуспешна и поголема конференција“ – Ана Камчева, адвокат од Скопје.

„Беспрекорно! Предавачите беа соодветни за темата, многу беа интересни. Во врска со логистика на настанот, тимот кој очигледно работел на Конференцијата, предобро си ја завршил работата, секоја чест!“ – Емилија Евтимова-Спасевска, раководител на Правна служба во ТАВ Аеродром Скопје, Македонија.

„Се работи за еден настан, којшто е малку невообичаен за нашите простори бидејќи можеби за првпат се среќаваме со една конференција која го третира менаџирањето на правните ризици. Мислам дека иднината на правото се состои токму во оваа сфера и сметам дека напорите кои ги прави АКАДЕМИК ќе вродат со плод. Задоволството е големо!“ – Александар Пулејков, извршител од Скопје.

„Фала Ви многу што организирате ваков тип на настани, потребни се во Македонија, навистина. Слушнавме искуства на многу квалитетни луѓе. Ние, како млади правници, но и фирмите во развој, сметам дека треба да се запознаеме со правните ризици. Секоја чест за организацијата од страна на АКАДЕМИК“ – Енис Емини, правник во  Правна служба во „Даути комерц “ – Скопје.

„Навистина сум воодушевена и од минатогодишната и од оваа, премногу добра организација, варијации на теми… Можеби малку се недостижни презентациите во однос на она што ние го имаме досега, меѓутоа со тој нов софтвер кој планира да се востанови за да се утврдат ризиците, мислам дека ќе се разрешат сите дилеми. Инаку, навистина предвачите се извонредни во својата дејност. На АКАДЕМИК можам да кажам само да продолжите со исто темпо!“ – Стефана Мишевска, раководител на Служба за присилна наплата во НЛБ Тутунска банка.

„Втора година по ред во Скопје се одржува конференцијата, втора година по ред адвокатското друштво Даути и Симјановски е присутно. Се здобиваме со нови, интересни знаења, кои се надевам ќе бидат применливи. Сметам дека Македонија треба да ги следи глаблните текови во правото. Навистина сме благодарни на АКАДЕМИК што ни овозможува едно вакво задоволство“ –  Александар Симјановски, управувачки партнер во адвокатско друштво „Даути и Симјановски“

„Материјата е многу чувствителна. За жал во нашата држава сè уште немаме  ниво на свест развиено дека од правните ризици зависи и успешноста на бизнисот и пропаѓањето на многу фирми е резултат на неизвршена анализа на овие правни ризици. Сметам дека во иднина, посебно после Конференцијата на АКАДЕМИК, која беше посетена во голем број, ќе се постават правните ризици на нивното вистинско место“ – Весна Доброхотова, советник во Македонска навигација М-НАВ.

„Конференцијата навистина е одлична. Одлична комбинација на предавачи, кои имаат и теоретско и практично искуство и од регионот и од пошироко. Сметам дека станува збор за Конференција, која не само на нас правниците туку и пошироко дава повеќе податоци околу „Legal risk management“, тема која очигледно е важна и популарна, но за која малку знаеме“ – Александар Шахов, директорот на проектот на УСАИД  „ИДЕАС“.

„Како и минатогодишната, многу успешна Конференција. Имавме можност да слушнеме еминентни и врвни правници од различни правни области кои го споделија своето практично искуство во делот на препознавањето на правните ризици“ – Рената Петревска, правник во Министерство за надворешни работи.

„Слушнав многу корисни работи, а за понатаму останува да ги пробаме во практична примена“ – Емилија Божиновска, шеф на Одделение за здравствено осигурување во Фонд за здравство на РМ. 

„ Најпрвин би сакала да ви честитам на организацијата. Коцептот и идејата се прекрасни, одушевена сум. Првин мислев дали да дојдам или не, но воопшто не се каам што дојдов. Содржината ми се допаѓаше. Интересно е да се чујат работи кои се далечни за нас и кои тешко се имплементираат тука. Добро е да имаме сознанија за она што се прави во светот. Секоја чест! “ – Дори Кимова,  адвокатска канцеларија „Кимова“.

„Мојот впечаток е дека Конференцијата носи нов квалитет во третманот на правната проблематика во Македонија и тоа е за поздравување. Фактот што се одржува втора година и не е паднат квалитетот зборува за сериозниот пристап на организаторите“ –  Илијанчо Гаговски, основач и генерален директор PrymApps – Скопје

„Одлично организирано, одлични предавачи, сè е на нивo!“ – Валентина Лазарова, адвокатка од Куманово.

„ Сметам дека станува збор за многу интересна Конференција која втор пат се случува во Скопје. Бев скептичен во однос на тоа дали може да се повтори успехот од минатата година, гледам дека не само што се повторува, туку е проширена и подобрена. Ми се допаѓа енергијата на тимот и присутните, и се разбира квалитетот на гостите мислам дека е на ниво“ – Јанко Тренкоски, директор на КБ Прво пензиско друштво.

„Организацијата е на највисоко ниво. Еминентни предавачи – со големо искуство од теорија и пракса“ – Николова Билјана, правник во Макпетрол.

„Конференцијата е одлична, научивме многу работи. Пофални зборови имам и  за организацијата“ – Маријана Станинова, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“.

„Сите предавања беа интересни, но прашање е колку се апликативни во македонски услови. Сепак, би истакнала дека слушнавме многу интересни начини на размислување кои сигурно би ни’ помогнале методолошки во работата“ – Елена Тримческа, правник во АД Алкалоид .

„Задоволни сме многу. Убаво организирана Конференција, има многу звучни имиња од кои има што да се научи и примени во пракса. Честитки до организаторите АКАДЕМИК и колегата Георги Димитров“ – Кристина Ангеловска, правник во ГОФИ ДООЕЛ.

„Самиот факт што се гледаме повторно и дека јас доаѓам од Белград говори дека јас сум повеќе од задоволен од Конференцијата. Георги Димитров и секако АКАДЕМИК се лидери во регионот ако се прашувам јас. Ова го работите на едно исклучително високо ниво и навистина јас не знам дали оваа Конференција може да се спореди со некоја друга“ – Александар Ѓорѓевиќ, адвокат во Белград.

„Многу сум задоволна од Конференцијата, сметам дека треба и понатаму да продолжи да се организира. Изборот на предавачи е одличен, и сè е подобар и подобар. Честитки до организаторите и вака да се продолжи и понатаму!“ – Марта Трповска, Директор на Сектор за правни и општи работи во Штедилница „Можности“ ДОО Скопје.

„За жал првиот ден не стигнав да присуствувам, но од она што го слушнав на вториот ден можам да констатирам дека е различно и ново од она што претходно сум го слушал. Јас не сум правник, меѓутоа ме интересираат вакви содржини од кои може да се извлече нешто корисно“ – Лазар Заковски, сопственик на Еуро Табак ДОО Скопје

„Конференцијата помина во најдобар ред. Ми се допадна изборот на предавачи и секако го поздравувам обидот да се направи вакво нешто во меѓународни рамки“ – Елеонора Дулева, заменик генерален директор на Албсиг АД Скопје.

„Одлично организирана Конференција. Задоволен сум од она што беше презентирано и мислам дека подобро од ова не може да биде организирано“– Дарко Никодиновски, адвокат во адвокатско друштво „Трпеноски“.

„Ми се допаѓа конференцијата. Првпат сум овде, но многу е интересно. Јас работам во Шпаркасе банка во Одделот за ризици и ова е тема што баш се однесува на нас како правници, особено на нашиот сектор. Би сакала да присуствувам и на други вакви конференции“ – Јадранка Ефтимов, правник во Одделот за ризици при Шпаркасе банка.

„Конференцијата е одлично организирана. Темата на Конференцијата е  исклучително важна, бидејќи се соочуваме со многу измени во начинот на делување на компаниите и владите. Ние, како адвокати, или претставници на компаниите, имаме голема одговорност во успешното спроведувањето на овие измени“ – Андреи Лукач, адвокат од Романија.

„На Конференцијата сум првпат и многу сум задоволен. Сè е прецизно организирано, предвачите се одлични. Ви честитам, така продолжете!“ – Александар Спасовски, правник во Макпетрол.

„Сум присуствувал на голем број на конференции, меѓутоа од организациона гледна точка оваа конфереција е дефинитивно најдобрата, почнувајки од организаторот, потоа гостите, како и самите предавачи. Искрено се надевам дека ова ќе има импакт кај нас во Македонија, бидејки штом толку еминентни имиња од правната професија го сметаат ова како иден тренд, тоа значи дека треба да го прифатиме и кај нас“ – Предраг Ивановски, приправник во адвокатско друштво „Колемишевски и партнери“ и студент на мастер студии на Правен факултет „Јустинијан Први“

„Многу сум задоволен од Конференцијата. Сметам дека темата е одлична. Искуствата кои можат да се слушнат од предавачите се многу корисни. Посебен впечтакок  ми остави генералниот секретар на Министерството за правда на Канада, г-динот Везина. Канада е земја лидер во областа на управување со правни ризици и ова што можеше да се слушне е корисно за Македонија и се надевамм дека ќе преставува поттик за да се направи нешто на тоа поле. Слободно можам да кажам дека Македонија нема „legal risk management“ – Денис Ризаов, правник во Гранит АД Скопје.

„Конференцијата е интересна, предавачите се различни“ – Јован Јанковски, правник во Народна Банка на РМ.

„Конференцијата е одлична, организацијата е многу добра. Не ми е првпат да доаѓам на обуки и конференции во организација на АКАДЕМИК“ – Иван Сотировски, Оддел за човечки ресурси во Народна Банка на РМ.

„Навистина интересна конференција, би го издвоила Тома Фила од предавачите и професорот Димитар Гелев“ – Лидија Стојковска, Тинекс МТ ДООЕЛ – Скопје.

„Мислам дека Конференцијата, пред сè со реномето на учесниците има своја тежина и го доловува нашето внимание на она што е моментално актуелно во светот, што е визионерско и за кое допрва треба да се спремиме во тој правец на размислување. Прекрасно  организирана Конференција, точно и прецизно!  Сметам дека потребни се и други конференции од овој тип, но и повеќе работилници со поконкретен пренос на знаењата“ –  Емилија Ранѓеловиќ, помошник директор во Сектор за правни работи и усогласување со закони во Еуролинк осигурување.

„Одличен начин како да се запознаат, не само практичарите, туку и студентите со тема која што кај нас е релативно нова, односно концепт на работа кој е релативно нов. Ова претставува своевидна предност за сите присутни бидејќи добиваме шанса да научиме нешто повеќе околу на оваа тема од многу релевантни предавачи кои доаѓаат од земји каде што оваа практика е веќе воспоставена. Предавањата се одлични, и добро е што со нив се опфаќаат повеќе делови од светот на правото“ – Љубен Коцев, студент на Правен факултет „Јустинијан Први“.

„Многу сум задоволен од Конференцијата, од предавачите, а особено од Метју Вајли, Димитар Гелев и Тома Фила. Сметам дека беше одлично организирана од АКАДЕМИК и треба да има што повеќе вакви конференции“ – Џедат Даути, стручен соработник во Правен сектор на Агенција за електронски комуникации.

„Во основа сум задоволен од предавањата од двата дена, а посебно ме заинтригира предавањето за франшизата, имаше навистина интересни податоци. Сметам дека Конференцијата беше навистина прекрасно организирана и дека АКАДЕМИК заслужува почит за целокупната организација и за предавачите кои сте успеале да ги донесете на истата“ – Константин Битраков, правник.

„Многу ми се допаѓа начинот на кој е организирана Конференцијата. Задоволна сум од предавачите бидејќи имаше многу нови работи кои можат да се слушнат во врска со правните ризици во правната професија, работи кои кај нас не се применуваат, но се надевам дека ќе најдат апликативна примена. Верувам дека секој кој беше присутен тука, навистина е задоволен бидејќи има многу нови работи кои можат да се научат“ – Маринела Мајнова, стручен соработник во извршителска канцеларија.

„Конференцијата ми се допаѓа многу. Лани имав впечаток дека е некаков вовед со оваа материја во државава, сега гледам нешто многу поразработено, многу поконкретно, многу поопипливи информации кои компаниите можат полесно да ги имплементираат“ – Мери Недев, правен советник во ТАВ Аеродром Скопје, Македонија.

„Темите се интересни да се слушнат. Баш, искоментиравме со друга колешка дека „Legal risk management“ e нешто што ние постојано пракса го среќаваме, но еве ова беше една добра шанса да го слушнеме во една посублимирана и теоретска форма. За мене најдобра тема беше онаа за франшизата, бидејќи можеби мене лично ме интересира тоа повеќе“ – Весна Гавриловска, партнер во „Чакмакова Адвокати“.

„Одлична организација, многу корисна Конференција, честитки за организацијата“ –  Петар Богучевски од Министерство за информатичко општество и администрација.

„Супер е. Прекрасни предавачи, убава атмосфера, убаво е да се биде на ваков настан“ – Јасна Илиќ Марин, правник во МАПАС.

„Одлично. Во секоја смисла“, – Инес Лаличиќ од МЕПСО.

„Одлична Конференција, организацијата е предобра, предавачите се одлични“ – Јосиф Филиповски, правник во Југохром.

„Одлична е, има што да се слушне, да се научи и да се биде во тек со најновите трендови во правото“ – Христијан Давидовиќ, студент на правни студии.

„Супер, тука единствено се дознава за правните ризици на едно повисоко ниво“ – Стефанија Красиќ и Александра Стојановска од Халк Банка.

„Ми се допаѓа и апелирам дека и ревизорите дека треба да бидат повеќе застапени и да го практикуваат знаењето стекнато на Конференцијата“, – Тања Пешевска, раководител на внатрешна ревизија во МЕПСО.

„Супер организација, честитки“ – Оливера Стефановска, правник во Македонска пошта АД Скопје.

„Фантастична Конференција, многу професионално организирана, со солидни предавачи“ – Весна Росоклија, правник во Медиа Принт Македонија.

„Одлична е, интересно и корисно“ – Анжелика Милошовска, правник во Адора Инженеринг.

„Да, ова е дефинитивно настан на многу високо ниво и навистина сè е добро организирано“ – Тања Ѓурчинова од Комора на проценувачи.

“Супер Конференција“, –  Ирена Младеновска – Анастасовски од Триглав Осигурување.

“Конференцијата значи многу за проучувањето на правните ризици, особено на едукационен план, а позитивно е тоа што и практично се изнесуваат искуствата“ – Доц.д-р Дарко Спасевски, професор по деловно право на Правен факултет „Јустинијан Први“.

„Интересна  тема, која допрва надоаѓа како актуелност во правото, треба да бидеме подготвени и добро што навремено преку овие Конференции се анализира прашањето, и тоа  од одлични предавачи“ – Љубомир Младенов од Министерство за информатичко општество.

„Исклучително сум задоволна од конференцијата и навистина се чувствувам привилегирано што и ние студентите имавме можност да бидеме дел од неа. Убаво беше да се слушнат искуствата на многу меѓународни и домашни експерти за тоа како се предвидува и управува со ризикот во правото. Се надевам дека оваа пракса ќе продолжи и во наредните години“ – Елена Ацеска, студент на Правен факултет, благајник во бордот на ЕЛСА РМ.

„Чест и задоволство ми беше да присуствувам на конференцијата. информациите коишто беа презентирани за правниот ризик се исклучително важни за развиток на така непозната област во нашата држава. Се надевам дека академик ќе продолжи да организира канференции и тоа не само за правни ризици, достапни и за нас најмладите правници. Пофалби за организацијата!“ – Елена Милошеска, студент на Правен факултет.

„Организирањето на собири од ваков тип, кои претставуваат можност да се чујат компаративните искуства на далеку поразвиените земји, е драгоцено за млада држава како Македонија, која за жал сè уште ги прави првите, би рекол, основни чекори во своето правно обликување и себедефинирање. Заедничкиот настап на една конференција на докажани личности во своите области на делување од развиените земји каде владее силна конкуренција, може да биде само генератор на идеи за следните чекори како индивидуално за секој од нас во градењето на професионална кариера , така и за државата во целина при нејзино што постабилно правно устоличување“ – Ѓорѓи Наумоски, студент на Правен факултет.