/ Прочитано:

2.040

АКАДЕМИК МУ ДОДЕЛИ ПРИЗНАНИЕ НА ПРОФ. Д-Р КИРИЛ ЧАВДАР

На денешната четврта по ред Конференција за правни ризици посветена на правните трендови, Академик му додели признание за правна извонредност на проф. д-р Кирил Чавдар.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

„Со најголема почит му го доделуваме ова признание, не само за она што го има постигнато туку затоа што и денес е љубопитен истражувач. Човек не може да не се восхити на неговата страст за правото. Тој човек продуцира како апел до сите нас“, истакна адвокатот Георги Димитров, кој и му го врачи признанието на проф. д-р Кирил Чавдар.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

Професорот Чавдар, изразувајќи голема благодарност за признанието, нагласи дека особено му е драго што најдобриот дел од неговите истражувања се публикувани од страна на Академик.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

„Морам да кажам дека она што го прави Академик сега се ближи кон одлични резултати. Тоа мора да го признаеме. Драго ми е што имаме ваква издавачка куќа која може да ја користат сите правници за да се надградуваат. Мојата страст за правото, мојата ориентација во животот беше да се пензионирам како судија на Врховниот суд. Таа желба ја остварив. Со тоа пензионирање не престана мојата работа, напротив сиот мој писателски опус е остварен по моето пензионирање. Бидејќи оваа конференција е за управување со правните ризици, морам да кажам дека ова е мојата правна ориентација.“

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

Проф. д-р Кирил Чавдар е еден од најреномираните и најугледни правници во Република Македонија, со долгогодишно искуство во сите правни области. Тој е магистер по правни науки во областа на извршната постапка и доктор на науки во областа на граѓанската и правна заштита на државната сопственост. Професорот Чавдар ја започнал својата кариера како судски приправник и како асистент на Правниот факултет во Скопје. Бил судија на Околискиот суд Скопје II, судија на Окружниот суд во Скопје и помошник на републичкиот секретар за правосудство на СРМ.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

Професорот Чавдар бил и судија на Врховниот суд на Македонија,  заменик на јавниот правобранител на Македонија, како и судија на Сојузниот суд во Белград, каде што останал до распадот на СФРЈ, за потоа повторно да биде дел во Врховниот суд на Република Македонија, каде што останал до своето пензионирање.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

Своето непроценливо искуство го споделувал и при својата работа како член на Републичкиот судски совет, а учествувал и во подготовката на бројни законски решенија.

Академик Конференција 2016

Професорот Чавдар голем дел од својот работен век го посвети на едукацијата на правниците и на студентите по право, од практичен и теоретски аспект. Автор е и на десетици публикувани изданија од областа на граѓанското право и судската пракса, во најголем дел објавени од страна најдобриот издавач на правна литера во Македонија, „Академик“.

Признание за Кирил Чавдар, Академик Конференција 2016

Овие изданија денес се незаменлива алатка за правниците низ целата држава. Со издавачката куќа АКАДЕМИК, вели професорот Чавдар, постигнавме конкурентност во балкански рамки, во поглед на квалитетна правна литература. Правниците мора да знаат дека правото е најинтелектуалната професија. Ниту една професија не е поврзана со интелектуална работа толку колку што е правото.

foto akademik

„Низ мојот професионален животот ме водеше максимата дека мора да се даде најдоброто од себе, и таа максима ме водеше цело време, уште од студиите по право, па сè до мојата работа како судија и професор. Желбата за успех и за менаџирање на работата се најважни за секој професионалец во правната струка, вели професорот д-р Кирил Чавдар.

(ФОТО) ЗАПОЧНА ЧЕТВРТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИК „Управување со правни ризици: правни трендови“