/ Прочитано:

2.284

Академик одржа обука за новините за придонесите за хонорарите и за вршењето на нерегистрирана дејност

Вторник, 17 март 2015 – Академик одржа обука за повеќе актуелни теми во врска со законските измени што се однесуваат на придонесите за хонорарите и  на новините за забраната и спречување на вршење нерегистрирана дејност. Темата популарно наречена „Придонеси за хонорарите“ отвори многу прашања и дилеми во јавноста. Потребата за разјаснување на бројни прашања од оваа област е неминовна и беше мотив плус Академик, во присуство на предавачи кои се непосредно запознаени со проблематиката, да организира обука на која ќе бидат предочени вистинските одговори за сите актуелни прашања за придонесите за хонорари и за новините за забраната и спречувањето на вршење нерегистрирана дејност. „Ги добивме вистинските одговори“, коментираа учесниците, чии впечатоци од обуката, како што велат, се одлични.

На обуката посветена на придонесите за хонорарите се направи целосен законодавен преглед на новините за придонесите за хонорарите, и тоа на Законот за работните односи, Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување и на Законот за здравствено осигурување.

Имаше и конкретен осврт на автентичното толкување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, но ќе се даде и практично објаснување на постапката за пријавување и плаќање придонеси.

Во таа насока, се елаборираше настанувањето на обврската за плаќање придонеси за пензиско, инвалидско и за здравствено осигурување и за тоа кои лица се обврзници за плаќање и за поднесување на пресметка за придонесите.

Подзаконските акти, како што се Правилникот за формата и содржината на месечниот извештај и Методологијата за начинот на пресметка и уплата на приходи за извршување на интелектуална работа или физичка работа врз основа на договор со кој е определен надоместок за извршената работа, исто така беа предмет на обуката.

Се анализираа и видовите договори што подлежат на регулативата за плаќање придонеси, како и правото на осигурување на лицата кои не примаат средства во континуитет и осигурување на странци.

Покрај новините во овој дел, на обуката се разгледаа и се дискутираше за новините од Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, преку осврт кон законското решение и неговата примена.

На обуката предавачи  беа Ирена Ристеска, раководител на Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика, Ивона Пауновска, стручен соработник во Одделението за контрола на податоците од придонеси за ПИО во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Елеонора Јовановиќ, советник во Секторот за труд и Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика.

Ирена Ристеска и Ивона Пауновска со своите презентации и предавања се осврнаа конкретно на темата популарно наречена „Придонесите за хонорарите“, преку комплетна анализа и слика на измената на регулативата за посочената материја.

„На обуката говоревме за имплементацијата на Имплементација на законските решенија за плаќање на социјалните придонеси на надоместоци остварени од договор за дело, авторски договор или друг вид договор. Се осврнавме на сите клучни прашања, како што се: кој ќе го врши плаќањето на социјалните придонеси, како ќе се врши, обврската за плаќање и пресметка на социјални придонеси, од кога започнува плаќањето на придонесите, придобивките за лицата и редица други прашања. Учесниците имаа голем интерес и поставија многу прашања на обуката. Ги опфативме сите нејасности околу плаќањето на социјалните придонеси. Посочивме дека тоа ќе се врши доколку приходот или приходите од извршување договор за дело или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа во нето-износ се повисоки од 9.590,00 денари, односно нето-износот на минимална плата за 2015 година за невработени лица. Практично се елаборираше сè што е поврзано со сетот на новите законски измени“, велат Ирена Ристеска и Ивона Пауновска.

Елеонора Јовановиќ, советник во Секторот за труд во Министерството за труд и социјална политика, и Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика, предаваа за новините од Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, преку осврт кон законското решение и неговата примена.

„Денеска имавме можност да презентираме што всушност опфаќа нерегистрираната дејност според новата регулатива, односно од Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност кој е прв во РМ од ваков вид.  Овој закон директно влијае за сузбивање на сивата економија и во тој дел се разјаснија сите механизми и институти што стојат во Законот – кого го засега законот, кои се надлежните што детектираат незаконско извршување на дејноста, какви се мерките и консеквенциите од тоа. Ние ја презентиравме темата преку практични примери и беше одлично на обуката со интерактивна дискусија. Сметаме дека имаше убава соработка со учесниците кои заминаа на своите работни места со повеќе едукација “, велат предавачите Миле Стојановски и Елеонора Јовановиќ.

Како што посочија и предавачите, на обуката од особено значење е интерактивниот момент на дискусиите.

Учесниците прашуваа, дискутираа и даваа конкретни предлози, со што се создаде мошне конструктивна атмосфера на, како што истакна и предавачот Стојановски, убава соработка.

„На обуката се дискутираше за прашањата кои се токму предмет на нашиот интерес. Се образложија мошне солидно и овие објаснувањата ќе ни бидат од извонредна корист“,  Душица Крајческа, Т- Мобиле Македонија АД Скопје.

„Обуката ни се допадна многу, како организациски, така и начинот на кој се реализираа предавањата. Предавачите беа одлични“,  Јасна Велковска-Цветковска, Македонски телеком АД Скопје.

„Многу беа добри предавачките. Ги објаснија сите прашања кои беа тема на нивната елаборација и одговорија на оние прашања кои им беа поставени. Обуката ќе биде од голема корист за нас“, Елена Тримчевска-Лапе, Алкалоид АД Скопје.

„Без лажни комплименти – обуката беше фантастична, честитки за организаторот и за тоа што се објаснуваат работите на ваков начин “, Ирина Пендаровска Гашевска и Симона Тодорова, ГЕИНГ Кребс унд Кифер интернешнал и др. ДОО Скопје.

„Супер помина обуката. Слушавме внимателно, многу добри беа предавањата. За овие законски новини сметаме дека треба ваков пристап затоа што така најдобро може да се отстранат сите дилеми кои би се наметнале во практиката“, Моника Арсовска, ЈЗУ Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје.

„Преубава обука. Многу сме задоволни. Задоволни сме од предавачките и уште повеќе што го добивме она за што бевме дојдени, а тоа се одговорите на она што нè интересира во врска со придонесите“, Милка Ѓорѓиоска, Дрекслер Мајер.

„Супер обука! Многу корисна, успешно замислена. Предност е што може да се постават прашања да има дискусија“, Влатко Гечев, ООУ „Гоце Делчев“ – Кавадарци.

„Добро беше. Предавачите ги образложија законските измени на добар начин. Можеше да се слушне што е непосредната замисла и методологија за применување на законските новини. Задоволни сме“, Вера Ангелоска-Здравковска, Осигурување МАКЕДОНИЈА АД Скопје – Виена иншуренс груп

„Знаете, предавачите беа одлични, но и тие се немоќни кога се проблематични во примената вакви недоречени законски решенија. Сметаме дека во оваа насока можело многу подобро да се усогласат, да се прецизираат и да се разработат законските решенија. Инаку, навистина обуката беше в ред“, Соња Тодоровска,  Александра Стојановска-Трпчевска, Зорка Пановска  и Нада Стојановска, Македонска академија на науките и уметностите.

„Генерално обуката помина во ред. Некои работи сè уште останува да се дообјаснат, но ќе видиме како ќе се наметнуваат сите нејасности низ практиката “, Роза Каранфилова, Компјутерски образовен центар „Семос“ ДОО Скопје.

„Обуката беше многу убава. Одлични предавања. Добивме одговори за она што ни беше нејасно. Првиот дел од обуката беше особено добар“, Марина Настеска, Делта бет ДООЕЛ Скопје (Моцарт обложувалници).

„Да, оваа обука навистина ќе ни користи. Мене ми се допадна како е организирана и ми се допаднаа предавањата. За вакви прашања, кои создаваат многу дилеми, обуките се неминовност, но и за да се организира, потребни се предавачи што ќе знаат да ги образложат прашањата. На оваа обука го слушнавме токму тоа“, Павлина Спасова и Александар Јакимов, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.